Почетна / Фитнес и аеробик / Возење ролерки: Совршена рекреација за слабеење

Возење ролерки: Совршена рекреација за слабеење

Постои една физичка активност што девојките ја сакаат, не е премногу напорна, забавна е, полна со адреналин и може да биде брза. Се разбира, станува збор за ролери.

Секоја девојка убаво изгеда на ролери. Мускулите на нозете се затегнати, листовите , предна и задна ложа исто така. Тоа е физичка активност што посебно е значајна за женските критични делови и како да е прилагодена само за дами.

Како секоја аеробна-кардио вежба, се подразбира возење од минимум 30 минути. Ако сте почетник, бирајте стази кои не се премногу комплицирани и места каде има помалку гужви. На секои 100 метра спуштете се во положба на получучањ за дополнително да ги активирате задникот и мускулите на нозете.

Доколку сакате да направите малку подинамичен и понапорен кардио тренинг, тогаш бирајте пострмни места или места каде можете да се спуштате и качувате. Почесто спуштајте се до половина со нозете и  заземете став на длабок чучањ со што значително ќе го отежнете своето возење и го зголемите интензитетот на тренингот.

Со умерено возење на ролери се трошат од прилика околу 400 калории за еден час, додека пак со интензивно возење можете да потрошите 600 калории, што претставува одличен кардио тренинг.

Ролерите се идеален начин да во исто време тренирате и се дружите со драги личности. Кога имате можност секогаш користете го убавото време тренирајќи и уживајќи!

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...