Почетна / Совети за здравје / Воведете го сувото грозје во секојдневната исхрана

Воведете го сувото грозје во секојдневната исхрана

Сувото грозје можеби не изгледа ништо спектакуларно, но здравствените придобивки кои ги дава се огромни. Содржи повеќе хранливи материи и минерали кои даваат олеснување кај многубројни физички проблеми, вклучувајќи ги и гастроинтестиналните тегоби, артритис, камен во бубрегот, болестите на срцето, анемија и слично.

Ви преставуваме пет главни здравствени придобивки на сувото грозје.

Спречува рак   
Сувото грозје заштитува од рак на дебелото црево, затоа што содржи полифенолни антиоксидант кој се вика катехин. Тој го штити организмот од ширењето на слободните радикали кои се одговорни за растењето на туморот.

Го подобрува варењето     
Сувото грозје е богато со влакна и поради тоа помага во чистењето на пробавниот тракт. Ги чисти токсините и другите видови на отпадните материи од гастроинтестионалниот тракт и го одржува здравјето на пробавниот тракт.

Го подобрува здравјето на коските и забите   
Сувото грозје помага во зајакнување на забите и коските затоа што содржи калциум во големи количества. Сувото грозје содржи и бор кој помага при апсорпција на калциум и создавање на коскената маса, што е извонредно корисно во превенцијата на коскените заболувања, како што е остеопороза, посебно кај жените во пост- менопауза.

Снабдува со енергија        
Сувото грозје е одличен извор на енергија и посебно е корисно за спортистите. Исто така може да помогне и на оние кои сакаат да додадат килограми. Сувото грозје содржи многу шеќер, како што се фруктоза и  гликоза и им дава енергија на сите оние кои го консумираат.

Го подобрува имунитетот     
Сувото грозје помага во апсорпцијата на различните хранливи материи во организмот, вклучувајќи ги протеините и витамините. На тој начин, тоа во суштина го подобрува нашиот имунолошки систем.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...