Почетна / Здравје и исхрана / Волшебната привлечност на чоколадото

Волшебната привлечност на чоколадото

Заводливиот вкус на чоколадо не воведува во светот на хедонизам, дава енергија и ги крие неповторливи задоволства. Во желба да Ви пренесеме дел од знаењето, еве неколку корисни информации кои ќе Ви поможат да разберете волшебната привлечност на чоколадо.

Видови на чоколадо:

Црно чоколадо за готвење – има 30% какао

Млечно чоколадо – додадени се млеко и млечните деривати, минимум 25% какао, 14% млеко.

Бело чоколадо – не е чоколадо бидејќи содржи само како путер 20 – 45%, млеко во прав 14%, млечните мати минимум 3,5%.

Чоколадо без шеќер – шеќер се заменува со сахарин, со што се намалува калориската вредност и до 25%.

Чоколадо за прелив – најмногу се употребува, има 31% какао маса.

Термостабилно чоколадо – не се топи на високи температури ( до 250 степени ), се користи за разни видови на колачи, како на пример за мафини.

Здрав двигател

Црното чоколадо има најголем процент какао, па затоа е и најздрава. Што е посветла, тоа значи дека има повеќе какао путер. Подобро е да се изеде чоколадо отколку кекс или торта, но се препорачува најмногу 50 грама дневно. Доколку црно чоколадо изедете на празен желудник, има ист ефект како да имате изедено овошје. Жените дури шест пати повеќе јадат ова посластица отколку мажите, најчесто во период од 22 до 24 часа, и повеќе во зима отколку во лето, што е и нормално затоа што чоколадото дава големо количество на енергија.

Согласување на вкусовите

Со млечното чоколадо се препорачува бело благо вино moscato passito, со црно чоколадо најубаво оди porto, шери, остро и горчливо вино, поради природните ароми на бадем и сувото овошје, можи и рум, виски, коњак, темно пиво и шампањско.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...