Почетна / Совети за здравје / Волшебна напивка – чај од камилица

Волшебна напивка – чај од камилица

Доколку редовно пиете чај од камилица, можете да го запрете појавувањето на канцер и да го олеснете неговото лекување, порачуваат Американските научници.  

Во чајот од камилица се наоѓа спојот под назив апигенин кој делува против клетките на канцер.

Научниците од  Охајо Универзитетот востановија дека апигенининот може да ги блокира способностите на клетките на ракот на дојката да живеат подолго од нормалните клетки, и го оневозможува нивното ширење па ги прави повеќе осетливи на терапии со лекарствата.

Чај од камилица, магдонос и целер се најдобри извори на апигенин, но овој спој може да се најде и во овошјето и зеленчукот кои се уобичајни во медитеранската исхрана.

Апигенин делува и против воспалително, и му помага на протеините да ги исправи абнормалностите РНК – молекули кои се носители на генетската информација – што е причина за појавување на околу 80% рак.

Молекуларниот генетичар професор Andrea Doseff од Охајо Универзитетот, кажува: Знаеме дека треба здраво да се храниме, но во голем број на случаеви не ја знаеме точната причина зошто е нешто здраво, односно како точно делува на телото. Овде гледаме дека спомнатиот спој делува корисно на протеините во телото. Сметаме дека тоа делување на специфичните протеини може да има голема вредност како превенција против рак.

Клетките на ракот напредуваат така што ги спречуваат процесите кои би ја предизвикале нивната смрт, а апигенинот тоа може да го спречи.

Интересно е тоа што научниците востановија да апигининот делува на некои 160 протеини во човечкото тело. Во споредба со лековите кои ги произведуваат фармацевтските индустрии, кои целат само на една молекула, пишува во студијата  која е објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...