Почетна / Здравје и исхрана / Волшебна храна: Храна која ги обновува органите

Волшебна храна: Храна која ги обновува органите

За џигерот сигурно знаевте дека се обновува. Неговите клетки живеат околу 150 дена, а потоа старите клетки се заменуваат за нови и џигерот може да продолжи да ја извршува неговата функција на исфрлување на отровите од организмот.

За срцето се сметаше дека не се регенерира, дека цел живот имаме ῎истото῎ срце, но истражувањата докажаа дека пумпата на организмот може да се обнови и до три, четири пати во текот на животот.

Кожата се обновува на 28 дена, на коските им треба околу 10 години, црвените крвни зрнца живеат околу четири месеци, клетките на цревата се обновуваат на секои три до четири дена, а што се однесува до мозочните клетки, тие не се регенерираат и тоа што го имаме добиено со раѓањето, го добивме ( затоа треба да ги чуваме ).

Здрава храна значи и добра регенерација на органите, затоа што старите клетки мораат да се заменат со нови како би се продолжил животот. Храната е многу важна за ваквите обновувања и добро е да се знае која храна е од најголема помош.

Обновување на нервите

Постои широк спектар на природните единенија кои регенеративно делуваат на нервите. Студијата од 2010 објавена во Rejuvenation Research кажува дека комбинацијата на:

  • боровинките
  • зелениот чај
  • карнозин ( се наоѓа во свинското месо, риба, телешко месо )

Овие состојки му помагаат на нервите и регенерацијата на матичните клетки. Другите супстанци со слично делување се:

  • Куркумин ( корен од билката куркума )
  • Апигенин ( единение кое се наоѓа во целерот, магдоносот, артичоката )
  • Боровинка
  • Жен шен
  • Црвената жалфија
  • Резвератрол ( црното вино, црното грозје, црно чоколадо )
  • Матичен млеч
  • Теанин ( зелен чај )
  • Кафе

Постојат и други супстанци кои помагаат во подобрување на состојбата на нервите. И музиката и вљубувањето влијаат позитивно на регенерација и обновување на неуроните.

Регенерација на џигерот

Глициризин е единение кое според една студија се покажал како одличен стимуланс во регенерацијата кај животните кај кои хируршки е отстранет дел од џигерот. Други супстанци кои помагаат во регенерацијата на џигерот се:

  • Карвакрол ( од маслото на оригано )
  • Куркумин ( корен од билката куркума )
  • Корејскиот жен шен
  • Артичока
  • Витаминот Е ( тофу, спанаќ, бадем, сончоглед, авокадо, шкампи, риба, маслиново масло, броколи, тиква ).

Регенерација на бета клетки

Бета клетките произведуваат инсулин во панкреасот. Со следните единениа успешно е експериментирано како би им се помогнало на дијабетичарите:

  • Црниот ким
  • Витамин Д ( риба, кавијар, јајца, сирење )
  • Куркумин ( коренот на куркума )
  • Аргинин ( црвено месо, соја, јајца, морските плодови, сусам )
  • Авокадо
  • Горчлива диња
  • Штаве
  • Пченкарна свила
  • Стевија
  • Сулфорфан ( клици од брокула, зелка, карфиол )

Хормонска регенерација

Едно од единенијата кое што ги регенерира хормоните, кои со губењето на електроните ослабеле, е витаминот Ц ( пиперка, киви, брокула, јаготка, портокал, грашок ). Овој витамин има способност да го врати обликот и функција на естрадиол ( естроген, Е2 ), прогестерон и тестостерон, поради што може да биде добар додаток или замена за хормонската терапија.

Регенерација на срцевиот мускул

До пред некое време се мислело да мускулното ткиво не е подложно на регенерација. Новите истражувања покажале дека постои единение кои ги стимулираат градежните клетки на срцевиот мускул кое го прават здраво срцевото ткиво. Што да јадете?

  • Резвератрол ( црно вино, црно грозје, црно чоколадо )
  • Сибирскиот жен шен
  • Н-ацетил-цистеин ( овсените снегулки, свинското месо, пилешкото месо, пченкарните клици, младиот сир )

Регенерација на рскавицата и на зглобови

Куркумин и резвератрол се покажале како добри кои можат да го забрзат закрепнувањето на повреди на рбетот, додека за остеоартритис,дегенеративното заболување на зглобовите, постои широк спектар на потенцијално регенеративни супстанци кои се наоѓаат во:

  • Копривата
  • Рибиното масло и останата храна која е богата со витамин Е.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...