Почетна / Фитнес и аеробик / ВО ЗДРАВОТО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: ФИЗИЧКИТЕ ВЕЖБИ СЕ ВАЖНИ ЗА МОЗОКОТ

ВО ЗДРАВОТО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: ФИЗИЧКИТЕ ВЕЖБИ СЕ ВАЖНИ ЗА МОЗОКОТ

Врз основа на повеќе различни истражувања, вонредниот професор на Катедрата за физиологија и наука за мозокот Дејвид Бучи и неговите соработници дојдоа до заклучок дека влијанието на вежбањето различно се рефлектира врз меморијата и на самиот мозок, во зависност од тоа дали личноста е адолесцент или возрасна. Пронајден е генот кој одредува до кој степен вежбањето има позитивен ефект, што може да има влијание на потенцијалната примена на вежбањето кај психичките заболувања.

– Во текот на тренингот доаѓа до неуробиолошки промени, а се работи за механизмите кои се специфични за мозокот – кажува Бучи.

Бучи почнал да ја проучува врската помеѓу вежбањето и меморијата, со посебен осврт кај пореметувањето и недостигот на вниманието и хиперактивност ( АДХД ), еден од најчестите психолошки пореметувања во детството, па затоа тој не се согласува со тоа дека ваквите деца би требало да се лекуваат со медикаментите.

– Идејата на децата да им се дава големо количество на психо стимулатори во раниот период е вознемирувачки – предупредува докторот и додава дека не се знае какви се долгорочните последици при консумирањето во раниот период.

Резултатот на едното истражување на колегите од Универзитетот во Вермонт го поттикнаа Бучи да почне да се занимава со АДХД пореметување. Врз основа на испитувањето на децата со АДХД пореметување во летните кампуси во Вермонт, откриено е дека децата кои се занимаваат со индивидуални и колективни спортови подобро реагираат на интервенциите во однесувањето во споредба на своите врсници кои се не се занимаваат со физичка активност.

Научниците исто така забележаа дека вежбањето е повеќе благотворно за девојчиња отколку за машки деца со АДХД пореметување. Бучи укажал дека вежбањето во текот на растењето, додека мозокот се уште се развива, го менува мозокот заедно со нормални развојни промени, што доведува до тоа да мозокот биде по способен за учење и меморија.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...