Почетна / Совети за здравје / Во кое време од денот е најдобро да пиете вода?

Во кое време од денот е најдобро да пиете вода?

  1. Пијте вода штом ќе станете од спиење

Напијте се чаша вода веднаш штом ќе се разбудите за да му дадете дознаење на вашето тело дека е време да започне со активна работа. На циркулаторниот систем му е потребна течност за да се ослободи од слободните радикали и остатоците од изгорените калории кои биле икористени од метаболизмот за време на ноќта. Исто така и пиењето на вода со лимон наутро е многу корисно за вашиот организам.

  1. Пијте вода пред секој оброк

Пиењето вода пред секој оброк ќе ви помогне да се чувствувате посити, така што ќе би биде потебно помалку храна за да се чувствувате најадени. Водата му помага на вашиот стомак да се припреми за храната што ќе следи,ги буди сетилата за вкус на јазикот и ја навлажнува слузокожата на желудникот. Исто така пиењето вода пред оброк ја прочистува устата, од остатоци од вкусови од претходниот оброк, од вкусот на некој друг пијалок, или вкусот на цигара.

  1. Чаша вода со ужината

Помеѓу оброците, ако се чувствувате гладни пробајте прво да се напиете вода,бидејќи тоа може да го чуствувате доколку сте и малку дехидрирани. Понекогаш луѓето мислат дека се гладни кога тие всушност се само жедни. Пиењето вода пред ужината, или со ужината ќе ве направи сити побрзо и ќе јадете помалку, навика која може да му помогне на секој кој има проблеми со зголемениот број на килограми.

  1. Пијте вода пред да вежбате

Во зависнот од температурата, влажноста и нивото на течности во вашето тело, можат да ви бидат потребни една или неколку чаши вода пред да започнете со тренингот за вашето тело да не дехидрира.  Без разлика дали играте некој спорт, фитнес или пилатес, хидратацијата е од суштинско значење бидејќи  ви помога да се заштитите од топлотен удар кога времето е жешко или да не се смрзнете кога е ладно. Бидејќи вашиот циркулаторен систем игра заштитна улога во двете сезони.

  1. Пијте вода после вежбање

После вашиот тренинг или било каква друга физичка активност, напијте се вода за да ги надокнадите течностите кои телото ги загубило за време на истата преку потење. Не пијте премногу брзо бидејќи тоа може да ви предизвика грчеви со стомакот, но бидете сигурни да испиете доволно.

  1. Пијте вода кога пиете лекови (доколку тоа е дозволено)

Ако ви е дозволено да пиете вода со вашите лекарства, направете го тоа. Водата помага во растворувањето на лековите и во нивното ширење во дигестивните органи за брзо да се апсорбираат. Водата ги подготвува ткивата да ја примат супстанцијата и да ја искористат веднаш.
Водата исто така му помага на лековите да го пронајдат излезот од вашиот систем, што е многу корисно кога лековите предизвикуваат несакани ефекти.

  1. Пијте вода за да се заштитите кога сте изложени на некој вирус

Доколку на работа или на училиште сте опкружени со луѓе кои имаат настинка, пијте повеќе вода од обично за да ги извадите бактериите и вирусите кои вашето тело ги примило како резултат на изложеноста. Добро хидрирано тело помага да се исфрлуваат сите напаѓачи кои сакаат да се размножуваат во вашиот систем.  Пиењето вода секој ден пред излегување или откако ќе се вратите ќе помогне во спречување на некои витуси и намалување на нивната тежина.

  1. Пијте повеќе вода кога сте болни

Кога ќе настинете , пијте повеќе течности, овој стар рецепт сеуште функционира.  Повеќето експерти препорачуваат да се пијат осум чаши вода секој ден, можат дополнително да се пијат и други течности како чај, сок и супа. Луѓето кои се во болница  примаат инфузии за да се задржи телото хидрирано и истото да се заштити ако потоа му се потребни лекови.

  1. Напијте се чаша вода кога сте уморни

Доколку се чуствувате уморни и кога имате потреба за дремка, напијте се чаша вода. Поради нејзината способност да се движи брзо во телото, таа може да достигне до мозокот и да го активира кога е потребно, дали тоа било пред  некој состанок или пред некоја друга важна активност. Ладната вода особено ќе го разбуди вашето тело и мозок.

1932286_725525247537639_5909925837615153693_n

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...