Почетна / Совети за здравје / Внимавате на исхраната а сепак се дебелите? Еве и зошто…

Внимавате на исхраната а сепак се дебелите? Еве и зошто…

Дали досега сте слушнале дека спиењето може да влијае на бројот на зголемување на килограмите? Еве што научниците кажуваат…

Истражувањата откриле дека за дебелината не е одговорен само бројот на саати поминати во кревет, туку и квалитетот на самиот сон.
Истражувачите извршиле два експерименти, каде најпрво вршеле следење, а потоа правеле анализи поврзани со спиењето и исхраната кај 184 жени. Се установило дека постои јака врска помеѓу лошиот квалитет на сон и исхраната на нервна база. Поточно, жените кои лошо спијат се склони на емоционално прејадување, за разлика од оние кои имаат квалитетен сон.CE_0413_WomanEatingSalad

Во следниот експеримент, истражувањата ги пратеа навиките за спиење кај 6 различни студентки, а потоа им дадоа задача да се хранат со грицки ( колачи, сирење, чоколада, крекери…). Оние девојки кои на вечер спиеле помалку од 7 саати и самите се изјасниле дека често јадат на нервна база и конзумирале поголема количина од овие грицки за разлика од оние студентки кои немаат проблеми.
Заклучокот тука би бил дека главниот причинител за сите тие промени е стресот. Лошиот квалитет, како и недостатокот на сон предизвикуваат стрес, а тоа претставува уште полоша причина за оние кои се склони да јадат кога се на нервна база.

„Луѓе мора да сватите колку спиењето е битен фактор во целокупното психофизичко здравје”, рече авторката Лоренс Нолан.
И не заборавајте, лошиот квалитет на сонот влијае на дебелината кај сите, не само кај оние што јадат поради емоционално незадоволство. Затоа потрудете се да ги подобрите животните навики и да ги избегнете проблемите од овој тип.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...