Почетна / Совети за здравје / ВНИМАВАЈТЕ КАКВА ХРАНА ЈАДЕТЕ ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ!

ВНИМАВАЈТЕ КАКВА ХРАНА ЈАДЕТЕ ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ!

Во летните месеци храната може да биде расипана поради неправилното пакување, недоволната термичка обработка, лошото складирање.

Во храна која лесно се расипува спаѓаат: млеко, млечните производи (сирење, кајмак, павлака), јајца, сосови, преливи кои се подготвени со јајца и млеко.
Сладоледот е честа причина за труење со храна, како и меленото месо и јадењата како што се бурек, пити, лазањи. Меѓутоа, ниеден вид на храна не треба да избегнувате.

Доволно е да водите грижа од каде ја набавувате храната, да е со контролирано потекло, обратете внимание на хигиената на Вашите раце, садовите и просторијата каде што се подготвува храната. Внимавајте да термичката обработка на храната биде доволно долга, храната во фрижидерот правилно да се складира и на крај избегнувајте повеќекратно подготвувани јадења.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...