Почетна / Совети за здравје / Влијанието на карнозинот врз аутизмот

Влијанието на карнозинот врз аутизмот

Лекарот Michael Chez (детски невролог од Чикаго) прв користел карнозин во терапијата за аутизам. Во 2002, истиот лекар објавил и научен труд за користење на карнозинот во терапијата на деца со спектар на аутистични пореметувања (ASD).
Во студијата учевствувале вкупно 31 дере на возраст од 3-12,5 години. Децата поделени биле во 2 групи. Едната група добивала карнозин во дози од 800 mg дневно додека пак другата група во истиот период добивала placebo.
На почетокот на студијата направени биле тестови кои мереле индикатори за способностите на децата и нивниот степен на инвалидитет вклучувајќи и Giliam Autism Rating Scale (GARS), Childhood Autism Rating Scale (CARS), Expressive and Receptive One-World Picture Vocabulary tests (E/ROWPVT) и Clinical Global Impression of Change (CGI).

На секои две недели децата правеле CGI тестови и нивните родители го оценувале нивното знаење. Останатите тестови се повторувале на крајот од експериментот. Резултатите покажале дека децата кои биле третирани со placebo  не покажале статистички значајни промени во говорот.Кај децата кои пиеле карнозин забележан бил напредок во социјализацијата, однесувањето, комуникацијата и размената на говорот.

Односно како заклучок на студијата резултатите биле следните: карнозинот допринесува до разбирање и продукција на говор, на слух, социјализација, свест за околината и фина моторика. Подобрувањето забележано било во периодот од 1та и 8та недела од почетокот на примената на терапијата со карнозинот. Кај децата кои консумирале карнозин забележани биле напредоци во опсегот на проценките на однесувањето 18%, комуникацијата 16% и социјалната интеракција за 27%. Во текот на студијата не биле забележани негативни последици од консумирањето на карнозинот.
Во периодот Chez и неговите колеги сеуште го тестирале точниот механизами делување на карнозинот и потребно било да се спроведат биохемиски истражувања за неговото делување врз мозокот. Тој заклучил дека карнозинот ги стимулира предните делови на мозокот и ја зголемува неговата активност што доведува до општо подобрување на функциите на мозокот затоа што не постои подобра интеракција помеѓу мозокот и неуротрансмитерите кои делуваат во длабоките делови на мозкот.
Голем број на истражувања укажуваат на тоа како фронталните и темпоралните делови од мозокот ги контролираат чувствата, епилептичката и когнитивната активност, изразеноста на говорот и апстрактното размислување. Автономниот нервен состав е дел од субкортиналниот нервен состав кој кај секој од нас има своја функција и хармонично взаемно делување неопходно за социјални вештини, емоции итн. Кај аутизмот развојот и созревањето на субкортиналниот центар се заостанати. Со тоа се пореметени и адаптивните механизми кои го регулираат нивото на стресот.

HRV тестот не го одредува само интензитетот на стресот, туку служи и како основа за проценка на факторите кои можат да влијаат на автономниот нервен состав , неговата работа и ефикасност, целните употреби на сложените диететски суплементи, способни за оптимизрање на овој состав.
Кај веќе развиено заболување, можно е да се постигне квалитетен живот и подобрување на ефикасноста на лековите.
Специјалната формула на L – Carnosine нуди апсорпција и транспорт на карнозинот до митохондриите, во поглед на дозирање најдобро е да се консултирате со лекар.

Што е Карнозин?
Карнозинот е природна состојка на човековиот организам која се внесува со храната, а главниот извор на карнозин е месото. Но апсорпцијата на чистиот карнозин е многу ограничена. Во процесот на варење на храната, карнозинот се дели на 2 амино-киселини. Кога карнозинот се внесува во облик на додатоци во исхраната тогаш неговата апсорбција е поголема од 70%. Апсорпцијата се одвива во горните делови на тенкото црево (затоа и се препорачува да се зема на празен желудник) а од таму преку крвта се пренесува во мускулите, срцето, мозкот, и другите органи.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...