Почетна / Рецепти / Вкусови на традиционалната македонска кујна: Малиџано

Вкусови на традиционалната македонска кујна: Малиџано

Нема поубаво годишно време од есен. Природата е обилна со храна, а трпезите богати со секаков свеж зеленчук и овошје. Нашите баби размислувале како да ја зачуваат свежината на овие богати есенски плодови и во зима и осмислувајќи најразлични рецепти со конзериврање со природни производи ја создале зимницата, за трпезата да биде обилна и во зима но и во целата наредна година.

Што е малиџано?
Малиџаното е вид на намаз од зеленчук кој се добива од комбинирање на мелени зелени пиперки и пире од печени модри домати. Освен по бојата по својата конзистентност и изглед на прв поглед потсетува на ајварот но единствената разлика е што има светло зелена боја. Вкусот  секако се разликува од оној на ајварот.
malid
По рецептите од мојата прабаба трикот да се добие совршено малиџано е поголема количина на модри печени домати да се измешаат со печени зелени пиперки, лук, масло, сол, киселина и шеќер. Баба ми во рецептот додаваше и сенф и малку оревче, но често правевме и без ореви баш старински како што тоа се правело порано.
baba-ganoush-recipe-5

how-to-make-baba-ganoush
Малиџаното најчесто се користи како намаз, одлично е како брз оброк , децата го обожаваат со сиренце, како макало, а одлично одговара и како додаток на главно јадење во коминација со месо. Рецептот потсеќа на добро познатиот Baba Ganoush рецепт , но разликата е во тоа што тој рецепт во себе содржи таан (паста од сусам), магдонос, сок од лимон а некои му додаваат дури и паста од маслинки.

Постојат безброј начини на кои и сами би можеле да осмислите што би подготвиле со малиџано , а доколку немате идеа еве ви неколку предлози:

1. Фил за лиснати кифлички или мазничиња со/без урда
2. Во солен ролат во тестото или како намаз за тестото во комбинација со потпечени печурки и сланина
3. Во солена крем салата/намаз со урда, сенф, лук, мешан зеленчук, мајонез и потпечен сусам
4. Во салата со тестенини како додаток
5. Како аперитив на потпечени брускети со маслиново масло
6. Како додаток на глевно јадење во коминација со стапчиња со сусам….


Доста популарна била зимницата кај нашите предци (но и ние не сме исклучок дека сеуште ќе остане дел од нашата семејна трпеза и традиција) затоа што можеле да ја консумираат во големи количини за време надолгите  пости (Божиќни, Велигденски) затоа што се заоснова на база на зеленчук и во себе не содржи додатоци од животинско потекло. Овој податок доста е корисен затоа што овие традиционални намази (ајвар, пинџур, лутеница, малиџано…) не содржат конзерванси, вештачки бои и додатоци и пред се се вегетаријански.

Доста се поздрави од преостанатите намази а лесно се прават, а доколку не ги правите лесно се достапни низ сите наши маркети.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...