Почетна / Здравје и исхрана / Вкусно смути со Spirulina Pacifica

Вкусно смути со Spirulina Pacifica

Драги фанови, со доаѓањето на пролетта време е да започнеме со чистењето на насобраните токсини од своето тело, да започнеме повеќе да се движиме, да печашиме, да јадеме свежи намирници и почесто да се смееме.
За добриот имунитет доста важен е начинот на исхрана, затоа во соработка со нашите пријатели Тримекс, денес ви подготвивме вкусно смути со Спирулина кое ќе го обожавате.
Има толку прекрасен вкус, а намирниците го елиминираат комплетно мирисот на Спирулина што ова ќе го го направи вашиот најомилен пијалак оваа пролет.

Да започнеме со детоксот…

За овој рецепт за 2 смути потребни ви се :
-1 банана
– 1 крушка
– 1 портокал
– малку манго
– малку чиа семе
– 1/4 лажица Спирулина (кафена лажица)
– малку цимет, доколку не го сакате може и без цимет

Состојките се сецкаат и блендираат. Додадете го чиа семето на крај во самата чаша, истото важи и за циметот.
На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...