Почетна / Рецепти / Вкусно пилешко со сусам и мед

Вкусно пилешко со сусам и мед

Започнуваме со детокс од празничната сезона и обилната консумирана храна за време на празниците.
Оваа сезона и новата 2017 година посветете ја на тоа да изгледате здраво и да се чувствувате здраво.
А првиот чекор кон овие мали промени секако започнува со навиките а со кои прво…?
Па нормално најпрво со оние во исхраната.

Оранизацијата на оброци од вечер или во понеделник може да ви помогне да се придржувате кон здравиот начин на исхрана. Спакувајте ја храната во сад со капак и ставете ја во фридижерот за одржување.
Првиот предлог за ручек за оваа недела е пилешко со мед и сусам.

Состојки: 

  • 2 пилешки гради
  • 1 шоља брокула
  • 2 страка аспарагус
  • 2 лажички мед
  • соја сос
  • ориз
  • сол и црн бибер
  • малку маслиново масло
  • мрсна хартија за печење
  • сусам
  • 1 лажица сенф
  • лимон

Подготовка:
1. Оризот најнапред се вари на тивок оган, потребно е да да биде во количина од една шоља.
Се процедува и се остава во садот каде се цедел доколку е метален врз тенџере со пареа со цел убаво да се доцеди и нормално да ја задржи својата форма.

2. Брокулата се вари и се додава како прилог , исто и аспарагусот
Доколку не ви се допаѓа пропржен или варен изберете аспарагус во туршија – одлична е алтернатива како додаток во голем број на јадења

3. Пилешките гради се сецкаат на резанки и се маринираат во сенф, сусам, мед и лимон и се зачинуваат. Се оставаат да остојат во фридижер околу половина час- до еден час и се печат врз тепсија за печење претходно прекриена со мрсна хартија за печење. Се пропрскуваат со малку маслиново масло и се печат додека не добијат боја.

4. Се сервираат во 2 поединечни садови со цел да имате 2 ручека за оваа седимица.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...