Почетна / Здравје и исхрана / Вкусно пилешко со лимон и мед

Вкусно пилешко со лимон и мед

Со денешниот рецепт ви посакуваме денешниот ден и почетокот на викендот да ви бидат фантастични.
Ова е идеален рецепт за ручек за целото семејство. Рецептот не содржи многу масти, а е во исто време многу вкусен.
Потребни состојки:

  • пилешко месо/ батаци без коска/пилешки гради/копани
  • 3 лажици екстра девствено маслиново масло
  • сок од два лимони
  • 1 лажица мед
  • 2 чешниња лук ситно исецкани
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица ситно исецкан ѓумбир
  • сол, црн бибер
  • 2 шолји претходно обарен ориз

Подготовка:

  1. Направете маринада: измешајте 2 лажици маслиново масло, сок од лимон, лук, ѓумбирр, куркума, мед
  2. Додадете го пилешкото во маринадата и прелијте го поддеднакво од сите страни. Смесата прекријте ја со пластичен капак и оставете ја во фридижер да се излади и остои до 2 часа. 
  3. Загрејте ја ерната на 200 степени и во нелеплива тава за печење целосната содржина (маринатадата + пилешкото) печете ги додека пилешкото не добие златникава боја. 
  4. Се служи во комбинацја со ориз и младо кромидче. 

    На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...