Почетна / Рецепти / Вкусно и здраво – Француска салата

Вкусно и здраво – Француска салата

Компир, морков, корен од магдонос и корен од целер излупете ги и исечете ги на коцки па сварете ги посебно, оставете ги да се оладат, па сите овие состојки измешајте ги.

Не е една од полесните салати кои можете да ги направите, но секако дека е една од повкусните.

Состојки:

  • 4 компири
  • 3 моркови
  • 2 корена од магдонос
  • 1 корен од целер
  • ½ килограми грашок
  • 4 поголеми кисели краставици
  • 1 поголемо кисело јаболко
  • 3 децилитри мајонез
  • 1 мала лажица сенф
  • ½ децилитри кисела павлака
  •  Сол

Подготовка:     

Компирите, морковот, коренот од магдонос и коренот од целер излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги посебно, оставете ги да се оладат, па се измешајте. Додадете го грашокот кој претходно го имате сварено (може и оној од конзерва), краставиците и излупеното јаболко кои го имате исечено на коцки. Измешајте. Мајонезот измешајте го со сенфот, па додадете го, па потоа додадете ја и павлаката. Посолете по вкус. Добро измешајте и служите ја салатата украсена со мајонез и со тврдо сварени јајца.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...