Почетна / Здравје и исхрана / Вкусни ќофтиња од тиквичка

Вкусни ќофтиња од тиквичка

Доколку сакате полесно да се храните замеенете ги ќофтињата со месо со ќофтиња од тиквичка.
Штто ви е потребно да ги приготвите?
Рецептот е многу лесен и едноставен а не вви се потребни ни премногу намирници

– 3 големи зелени тиквици
– страк млад кромид
– 2 моркови
– 2 јајца
– магдонос
– лажица јогурт
– лажица брашно
– зачини по вкус

Тиквиците се рендаат и се оставаат врз кујнска хартија за истата да го впие вишокот на вода од нив.
Морковите се рендаат на ситно, а младото кромидче се сецка на коцки а ситно се сецка и магдоносот.
Тиквиците, морковитее и кромидчето се сооединуваат во еден подлабок сад.
Се додаваат зачини по ваш вкус.
Ние избравме зачини како црн бибер, хималајска сол и прстофат кари.

Од содржината со лажица се црпи и се оформуваат ќофтиња кои се оставаат врз мрсна хратија.
Се мешаат во друг сад јогуртот, брашното и јајцата и во нив се додаваат малку зачини.
Ќофтињата се облеваат со содржината и се печат во рерна врз мрсна хратија со мал додаток на маслиново масло.

Толку се вкусни што ќе посакате да ги припремите уште денес. Ние ги приготвивме синоќа и утрово си понесовме и за на работа. На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...