Почетна / Рецепти / Вкусна есенска супа од тиква
Извор: taste.com.au

Вкусна есенска супа од тиква

Ништо не може да не згрее подобро од вкусна домашна супа.
Доколку сакате да експериментирате во кујна, ви препорачуваме да подготвите есенски инспирирана супа од тиква.

За рецептот потребни ќе ви бидат:
– 1 кромид, ситно исецкан
– 4 лажици маслиново масло
– 1kg тиква исчистена од семки и кора и исецкана на парченца
– 700 мл подготвена вода од коцка за супа за зеленчук или за пилешко
– 150 ml неутрална павлака за готвење
– семки од тиква
– коцкички домашни кубети

Подготовка
1. чекор
Загреете 2 лажици маслиново масло во подлабоко тенџере, и пропржете го кромидот околу 5 минути додека не омекне но не смее да добие боја. На ова додадете ја ситно исецканата тиква во тенџерето и продолжете да готвите до 10 минути повремено мешајќи додека смесата не омекне и добие златникава боја.

2. чекор

700ml топла вода со растворена со коцка за супа  додадете на содржината и зачинете со сол и бибер по вкус. Додадете ја и неутралната павлака на содржината, доведете ја до точка на вриење. Откако ќе зоврие содржината изблендирајте ја во блендер додека не се креира конзистенција на крем супа.

3. Супата можете да ја додадете на оган уште 3-5 минути.

За декорација ви препорачуваме свеж магдонос и потпечени семки од тиква. Доколку јадете лепче со оброкот можете за замена да додадете кубети и да се чувствувате посити.

На здравје!

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...