Почетна / Рецепти / Вкусна домашна погача

Вкусна домашна погача

За оваа вкусна домашна погача потребни ви се следните состојки :
свеж квасец
300 гр кисело млеко
млака вода по потреба
лажиче сол и 2 лажичиња кристализиран шеќер
2 јајца
жолчка
1кг брашно
путер
сусам и семиња по потреба и вкус
20150422-cemita-rolls-recipe-21-thumb-625xauto-422236

Начин на подготовка:
– Квасецот се разматува во млака вода со шеќер и се остава на млако место да стаса.

– Во подлабок сад се соединуваат брашното, киселото млеко со јајцата, лажичето сол и  стасаниот квасец.
Се замесува тесто убаво и глатко и се  прекрива со крпа и се остава на топло место за да нарасне, околу 45 мин – 1 час.

– Стасаното место се премесува се дели на мали топчиња кои се премесуваат во форма на круг
– Секој од круговите се премачкува со путер и жолчка и се наросува со сусам

– Погачата загреана рерна на 200 целзиусови степени се додека не добие тестото румена боја

Секое од делчињата од погачата се кине лесно и можете да го искористите како лепче за сендвич или да го јадете премачкано со ајвар и сирење.

Звучи вкусно зар не?

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...