Почетна / Здравје и исхрана / Вкусен хумус со урда и лути пиперчиња

Вкусен хумус со урда и лути пиперчиња

Хумус е намаз од кој се подготвува од наут.
Се користи и како додаток на пиперки (се полнат со хумус), се консумира како каша, и сл.
Ние ви препорачуваме да го користите во комбинација со потпечен леб од брашно од цело зрно и маслинки, но идеален е и како сос кој се јаде со исецкани краставици и моркови на стапчиња.

Потребни состојки за подготвка:
– 300 грама сиров наут,
– 3 лажици таан ( песто од мелен сусам)
– сок од исцеден лимон
– сол, црн бибер, лажица црвен пипер (бла или лут во зависност од вкус),
– лути пиперчиња
– чешне ситно исецкан лук
– магдонос
– 100 g. несолена урда
– маслиново масло,

Подготовка на хумусот:

Потопете гo во вода наутот, и оставете го во вода цела ноќ, наредното утро проварете го додека не омекне и биде спремен за блендирање.
Од исцедената вода каде се варел наутот оставете една шолја.
Сите состојки (совен урдата и ситно исецканите пиперчиња) изблендирајте ги заедно.
Во текот на блендирањето додавајте малку по малку од водата од варениот наут.
Кога смесата ќе стане хомогена се додава урдата и пиперчињата.

***Хумусот се припрема и без лук, урда, магдонос и лути пиперчиња на тој начин би бил вегетаријански хумус.

На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...