Почетна / Совети за здравје / Витаминот Б6 го чува здравјето на мозокот и нервниот систем

Витаминот Б6 го чува здравјето на мозокот и нервниот систем

Витаминот Б6 припаѓа во група на витамини кои се топат во водата и можат да се најдат во квасецот, рибата, сојата, интегралните житарки, јајцата, месото, овошјето и зеленчукот … Тоа значи дека правилната исхрана осигурува доволни количества на овој витамин кој е важен за зајакнување на имунитетот, метаболизам на енергија, синтеза на црвените крвни зрнца и пренесување на нервните импулси.    

УЛОГАТА НА ВИТАМИНОТ Б6 
Витаминот Б6 откриен е 1943. година и постојат три главни хемиски состојки со исти својства кои се нарекуваат витамин Б6 – пиридоксин, пиродоксал и пиридоксамин.
Овој витамин е потребен за изградба на хемоглобинот во црвените крвни зрнца, што значи дека неговиот недостиг доведува до анемија. Исто така е потребен во разградбата на водата во организмот, па доколку го нема во доволни количини во организмот доаѓа до акумулација на водата.

Освен тоа, витаминот Б6 е важен за бремените жени и доилките, како и за постари лица.
Истражувањата покажаа да преку 90% луѓе кои се во постара животна доба имаат дефицит на овој витамин од  готово 70%, па од таа причина доаѓа до акумулација на водата во телото и заболувања на срцето. Симптоми на недостиг на витаминот Б6 најчесто се манифестира со слабост, мачнина, мигрена, собирање на вода во одредени делови на телото, анемија, лесна депресија, дерматитис…
Витаминот Б6 е потребен за следните функции:
– работењето на мозокот и централниот нервни систем.
– производство на поедини неуротрансмитери, помеѓу кои е најважен
– правилното работење на мускулите.
-производство на хормоните адреналин и допамин.
– разградување на ниацинот од аминокиселината

Витаминот Б6 (пиридоксин) е неопходен за метаболизмот на готово сите неуротрансмитери, а неговиот недостиг предизвикува замор, нервоза, осетливост, депресија, несоница и отежнато одење, предупредуваат медицинските лица.

Поред тоа, неговиот недостиг може да предизвика вртоглавици, неуритис, неуралгија и синдром на капиларен тунел, а стручњаците поради тоа истакнуваат да пациентите би требало да водат грижа за консумирање на некои лекарства кои можат да го намалат нивото на пиридоксин во крвта.

Исто така тие истакнуваат дека е важно да се внесува храна која е богата со овој витамин, како што е месото, рибата, компирите, бананите, мешунките, затоа што сите витамини од групата на Б комплекс се важни за одржување на здравјето на мозокот и нервниот систем.

 

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...