Почетна / Совети за здравје / Витамин Ц- витамин од непроценливо значење за човековото здравје

Витамин Ц- витамин од непроценливо значење за човековото здравје

Кога станува збор за витамини, сите се од голем значење и секој од нив е задолжен за одредената функција во организмот. Еден од најценетите и нај препорачуваните е витаминот Ц. Првата и најчестата асоцијација која е поврзана со овој витамин е неговото делување на настинката и грипот, но и неговите позитивни влијанија на организмот. Витаминот Ц прв го открил и опишал унгарскиот биохемичар и нобеловец др. Albert Szent-Gyorgyi, кои за ова извонредното откритие 1937 година добил Нобеловата награда за медицина. Овој повеќекратен  користен витамин игра важна улога во многу функции во организмот.

Лековитите својства на витаминот Ц
Витаминот Ц е силен имуно стимулатор и голем сојузник во војната против вирусните и бактериските инфекции. Како силен антиоксиданс способен е да ги неутрализира штетните слободни радикали и така придонесува организмот да се исчисти од токсините и тешките метали. На пример од голема полза е во неутрализацијата на нитрозаминот, потенцијално опасна и канцерогена супстанца која е присутна во сувомеснатите производи. Успешно помага во апсорпцијата на железото од храната. Потребен е за синтеза на колагенот кој е природен протеин и одговорен е за структурата на кожата, мускулите, коските, тетивите и лигаментите. Важен е и во процесот на зацелувањето на раните, затоа што создавањето на колаген е потребен за регенерацијата на оштетената површина на кожата. Придонесува за здравјето на забите, спречува крвавење на десните и појавување на скорбут. Поволно делува на добрите бактерии во нашите црева, а во исто време ги уништува бактериите и вирусите. Истражувањата потврдуваат дека витаминот Ц може да го намали ризикот од неколку видови на рак, како и срцевите заболувања. Со оглед на тоа дека е природен антисептик, значајна е и неговата улога во војната против алергии и болестите на дишните патишта. Во комбинација со фолна киселина и витаминот Б12 го поттикнува производство на црвените крвни зрнца, чија задача е пренесување на кислородот од белите дробови во сите делови на телото.

Најважните функции на витаминот Ц׃

  • Зајакнување на имунитетот
  • Го чува здравјето на срцето и крвните жили
  • Помага во зацелување на раните
  • Го чисти организмот од токсини и тешките метали
  • Помага во војната против астма и алергија
  • Го одржува здравјето на забите и коските
  • Намалува стрес
  • Спречува инфекции на уринарниот тракт
  • Подобрува апсорпција на железото
  • Ги чува очите и видот
  • Регулира хормони
  • Помага во разградбата на холестеролот

Најдобар избор на витамин Ц!

Кога станува збор за витаминот Ц, голем број од луѓето ја знаат неговата полезност при настинка, грип и инфекции. Меѓутоа витаминот Ц е многу полезен и при алергии, помага во детоксикација на хистаминот, лечење на рани, создавање и стабилизирање на колагенот и како антиоксиданс – ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација. Сега постои и нов вид на витамин Ц познат под името AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц.

Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц за два пати во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување. Се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц.

Апсорбцијата е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц

AlphaSorb-C има ph вредност како и дестилираната вода, со што во голема мерка ја намалува можноста за дијареа и стомачна иритација кои понекогаш се поврзани со зголемени нивоа на витамин Ц.

AlphaSorb-C 500 mg / 90 капсули Тримекс Дооел, застапник за Now Foods

AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која содржи не-киселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник, не се јавува вознемирен стомак.

Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. NOW® AlphaSorb-C® вклучува Transport C-PLUS®, патентирана комбинација на подобрена треонска киселина, не-кисел калциум аскорбат, Алфа липоична киселина, рутин, шипка и ацерола. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...