Почетна / Совети за здравје / Витамин Ц – лек за секој ден

Витамин Ц – лек за секој ден

Витамин Ц се смета за силен антиоксиданс и треба да се внесува во организмот што почесто.

Витамин Ц го зајакнува одбранбена способност на организмот и добар е за превенција и лекување на вирусните инфекции како што се настинки или грип, а секако е и најпознат антиоксиданс. Ја подобрува апсорпцијата на железо во цревата, зајакнува одбранбени систем на организмот, ги неутрализира отровите во крвта, помага за зацелување на раните и лузните и заби кои крвават и влијае на многу други функции во организмот.

Уште во 18. Век докторите советуваа за консумација на сок од лимон, бидејќи веруваа дека лимонот содржи елементи кои ги спречуваат болестите, инфекции. Овој пример се применува и ден денес. Овошни сокови, посебно од лимон, портокал или мандарина, многу се вкусни и содржат високи количини на витамин ц. Дека овошјето содржи витамин Ц, доказ е јаболката. Кога ќе ја излупите јаболката таа потемнува, бидејќи оксидира. Сепак, овој процес не се случува моментално, бидејќи во јаболкото има одредени количини на витамин Ц, кој ја пролонгира оксидацијата. Така се за витамин Ц, се смета дека е силен антиоксиданс.

Не претерувајте

Витамин не е сосема отпорен на високите температури, но сепак не може брзо да се распадни. Се работи за следното: кога зеленчукот ќе го вариме во водата, витаминот Ц во суштина се топи, и иако во зеленчукот по некое време ќе го има помалку, големиот дел останува во водата во која го варевме зеленчукот. Значи, ако сакате да го задржите витаминот Ц во зеленчукот, варете го на пареа или сварете супа. Со витамин Ц посебно е богата вода која останува кога ќе се свари компирот. Наместо да е врлите, ставете зачин, сварете фиде и ќе добиете многу вкусна супа. Голем број истражувања кои се спроведени како би се утврдил евентуално штетното делување на витаминот Ц, не дадоа доволно цврсти доказа дека витаминот Ц има негативни влијанија. Поголемо количество ( повеќе илјади милиграми дневно ) можат да предизвикаат дијареја, која не е опасна доколку дозата веднаш ќе се намали. Како што е случај и со други препарати, претерување никогаш не е добро и секогаш треба да се биде умерен.

Функции на витаминот Ц

  • Делува во производството на колаген во врзивното ткиво
  • Потребен е за синтеза на хормоните
  • Силен антиоксиданс
  • Ја зајакнува одбранбената способност на организмот
  • Паѓање на заби, кариес
  • Површински крвавење
  • Бавно зацелување на раните
  • Слаб имунитет
  • Анемија

Недостиг на витамин Ц може да предизвика

 

  • Паѓање на заби, кариес
  • Површински крвавење
  • Бавно зацелување на раните
  • Слаб имунитет
  • Анемија

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...