Почетна / Здравје и исхрана / Витамин Б3, ниацин – за крвни садови, нерви и кожа

Витамин Б3, ниацин – за крвни садови, нерви и кожа

За што се употребува витаминот Б3?

  • Повишен холестерол

  • Атеросклероза

  • Дијабетес

Витаминот Б3 како и другите витамини од Б групата, неопходен е за метаболизирање на шеќерот, мастите и протеините, за создавање енергија и ќелиско дишење. Овој витамин делува на психичкото здравје, го детоксицира организмот од разни штетни хемикалии. Исто така, ја помага работата на дигестивниот тракт, се грижи за здравјето на кожата, нервните ќелии и крвните садови.

Витаминот Б3 уште се вика ниацин или никотинска киселина, а постојат и 2 други облика никотинамид и инозитол хексаниацинат кои имаат други ефекти за разлика од ниацинот.

Покачен холестерол

Ниацинот е прилично успешно користен за смалување на штетниот LDL холестерол и триглицериди, како и за зголемување на HDL – добриот холестерол. Но, заради појавата на несакани дејства ( при примени високи дози), кои може да бидат опасни и да доведат до оштетување на белите дробови, неговата употреба е занемарена.

Атеросклероза

Бидејќи ниацинот го намалува нивото на LDL -oт и триглицеридите во крвта, го спречува развојот на атеросклероза (таложење на масти на ѕидовитена крвните садови) некогаш се употребува за одредени терапии. Но, бидејќи ниацинот го зголемува нивото на хомоцистин во крвта, кој е фактор за срцево заболување, неговата употреба во високи дози не е препорачлива.

Дијабетес

Ефектот од ниацин кај дијабетичарите од тип 2 е сложен. Имено, иако доведува до намалување на лошиот холестерол, исто така има ефект на зголемување на нивото на шеќер во крвта, па може да биде опасен за дијабетичарите. Затоа, не се препорачува користење во големи дози, а се спроведува само во лекарска контрола на гликемија. Тој овозможува создавање на полни хормони и кортизол во телото. доведува до намалување на крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата и го смалува лошиот холестерол во крвта.

Во кои намирници се наоѓа витаминот Б3?

Најдобриот извор на витамин Б3 се: пивски квасец, бубрези, дробови, риба, лосос, туна, сончоглед, кикиритки, грашок, зелен зеленчук, мешункасти плодови.

Витаминот Б3 во организмот се создава од триптофанот, аминокиселина која е застапена во намирниците од животинско потекло ( месо, млеко, јајца). .

Кои се препорачани дневни дози?

Препорачан дневен внес:

  • Доенче
  • Од раѓање до 6 месеци: 2mg

  • од 7-12 месеци: 4mg

  • Деца 1-3 години: 6mg

  • Деца 4-8 години: 8mg

  • Деца 9-13 години: 12mg

  • Деца 14-18 години: 14-16mg

  • Возрасни

  • Мажи од 19 години и постари: 16mg

  • Жени од 19 години и постари: 14mg

  • Трудници: 18mg

  • Доилки: 17mg

Ниацинот се користи во големи фармаколошки дози за намалување на покачен холестерол. Го препишува лекар, при што, постепено се зголемува дозата на пациентот. Се користи најчесто во склоп на Б комплекс витамините.

Како може да дојде до недостатокна витаминот Б3?

Разновидната исхрана обично ги задоволува потребите на организмот за овие витамини. во современиот свет недостатокот на витаминот Б3 се јавува главно како последица на алкохолизам или употреба на некакви лекови.

Симптоми за благ дефицит се: пореметување на варењето, умор, повраќање, депресија. Во тешките облици на дефицит настанува пелагра, кожно заболување кое се карактеризира со дерматитис, заборавање и дијареа.

Во тешки облици доаѓа до анемија, грчеви на мускулите, депресија, губење на апетитот. Се третира со балансирана исхрана и додаток на ниацин. Недостатокот се манифестира и со печење на устата и отечен црвен јазик.

Високите дози го подобруваат здравјето кај дефицитарните особи. Сепак големите количини можат да бидат токсични, па треба да се користат само пол лекарски надзор и со внимание врз белите дробови.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...