Почетна / Совети за здравје / Вистинското лице на мастите – штетни и корисни масти

Вистинското лице на мастите – штетни и корисни масти

Кога станува збор за мастите, секогаш постои асоцијација за срцеви болести, рак и многу други сериозни заболувања. Ова е типичен пример за погрешен поставен концепт кој бара практично објаснување. Мастите не само што не се штетни, односно без одредени масти организмот едноставно не би можел да функционира. Таквите масти телото не можи само да произведува, па затоа мораме да ги внесуваме со исхрана и затоа ги нарекуваме есенцијални масти или есенцијални масни киселини. Значи, есенцијалните масти им помагаат на крвни садови да останат еластични, го подржуваат работата на имуниот систем,  ги намалуваат воспаленија и неопходни се во апсорпција на одредени витамини. Трикот е во балансирањето на различните видови на храна која содржи различни комбинации на различни масни киселини, кои се градежен блок на мастите.

Заситените и незаситените масти – што е маста по заситена, помалку е пожелна во телото, а извори на таквите масти се месо, млеко, јајца и нивните производи и преработки. Заситените масти докажано лошо влијаат на нивото на холестеролот во крвта и во комбинација со други лоши навики го отвораат патот на сериозните заболувања. Лошиот глас на заситените масти многу брзо на себе презедоа и трансмасти, поради брзиот начин на хранење. Трансмасти брзо го разрушуваат нивото на добриот холестерол во крвта и деградираат еластичност на крвните садови.

Трансмасти –  во природен облик готово и да не можат да се најдат, тие се продукт на процесот на хидрогенација во прехранбената индустрија и се наоѓаат во скоро секоја полу готова храна. Најмногу ја има во маргаринот, слатките производи, чипс, билни сирења и во секоја брза храна. Тие се потполно непотребни на организмот, затоа што без готовата храна и индустриски слатки производи живот би ни бил поздрав. Од кога дојде до сознание дека трансмастите се лоши за нашето здравје, лошиот глас се прошири многу брзо.  Во потрагата по здравите масти треба да побарате некоја друга храна – незаситените масти се типични за медитеранска исхрана, се наоѓаат во маслиновото масло, авокадо и јаткасти плодови. Во полузаситени масни киселини кои се најдуваат во билните масла, јаткастите плодови, риба и понекоје овошје спаѓаат и омега-3 и омега-6 масни киселини, за чие поволно влијание често слушаме во рекламите за диеталните суплементи.

Рамнотежа – Омега-3 масни киселини се наоѓаат во рибите, семките и јаткасти плодови и докажано му помагаат на менталното здравје на човекот, го намалуваат ризикот на создавањето на тромбот., воспаленија и ја стимулираат работата на имунолошкиот систем. Ова не значи дека треба да се откажеме од омега-6 масни киселини, бидејќи тие се еднакво есенцијални како и омега-3 масни киселини. Црвеното месо не е единствен извор на омега-6 масни киселини, неа ја содржи скоро секое билно масло. Правилната мера и идеален вкупен внес на мастите ја прават медитеранската исхрана многу здрава. Зеленчук ( лиснато и селено ) морската риба, маслиновото и други билни масла и јаткасти плодови се продукти која луѓето на медитеранот ги прави витки и со мал број на срцеви заболувања и заболувања на крвните садови, кои се на второ место причина за смртта во западните земји.

Лошите масти – црвено месо ( свинско, говедско, телеешко, јагнешко месо ) колачи и замрзнати тестенини, благи пекарски производи, чипс, солени грицки, еруокрем, полнета чоколада и бела чоколада )

Добрите масти – мононезаситени масти, билни масла, маслинки, авокадо, бадеми, кикиритки

Полинезаситени ( омега-3 ) масти – лан, ланено масло, ореви, соја, масло од соја, риба

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...