Почетна / Совети за здравје / Вистински ручек за вработена жена

Вистински ручек за вработена жена

Ви предлагаме два оброци кои на работа ќе Ви обезбедат доволно енергија и добра концентрација.

ПРЕД ВАЖЕН СОСТАНОК

Потребен Ви е ручек кој ќе Ви обезбеди добра концентрација. На менито би требало да се најдат јаглените хидрати, овошје, леб и храна богата со скроб, бидејќи тие преставуваат гориво кое е неопходно за добрата работа на мозокот. За да организам би ја искористил храната на најдобар можен начин, консумирајте ги и витамините како на пример со Б1 кој се наоѓа во храната која е богата со скроб и свинско месо, но не заборавајте ни на витаминот Ц. Не се прејадувајте, за да не бидете поспани и пијте што е можно повеќе течности затоа што жедта негативно влијае на концентрацијата.

Вистински избор

  • Пола грејпфрут или еден цел портокал
  • Две тенки шницли од 100 грама од свинско месо
  • Тестенини со сос од домат
  • Интегрален тост, шолја чај
  • Шишенце минерална вода од 0.5 литри

ЗА ПОПЛАДНЕВНИ ОБВРСКИ

Целото попладне трчате од еден состанок на друг? Во тој случај мора да имате калоричен оброк за да си обезбедите потребна енергија.

Шеќерите кои се наоѓаат во лебот и овошјето кое содржи скроб ќе ви обезбеди енергија за цело попладне. Не заборавајте дека морате да внесувате доволно билни влакна, овошје и зеленчук кои ќе Ве заситат, месо, риба и млечните производи, кои обилуваат со белковини кои се неопходно за работа на мускулите. Магнезиум од плодовите на морето, овошје, какао и леќа ќе Ви помажат да останете смирени.

Вистински избор

  • Пилешко, риба или плодовите на морето
  • Овошје по желба
  • Тестенини
  • Чоколаден крем, најмногу 125 грама
  • Една рака суво овошје или јатки ( ореви, бадеми, лешници, семки )
  • Интегрален тост, шолја чај

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...