Почетна / Совети за здравје / Вистини и заблуди за жолтиот шеќер

Вистини и заблуди за жолтиот шеќер

Во последно време жолтиот шеќер е се повеќе баран бидејќи се смета дека е поздрав одбелиот шеќер, кој спаѓа во озлогласената група на ″белите убици″: белиот шеќер, белото брашно, сол, свинската маст. Жолтиот шеќер е трипати поскап од белиот шеќер, а дали е и толку поздрав?

ЗАБЛУДА 
Жолтиот шеќер има помала енергетска вредност па затоа помалку дебелее од белиот шеќер.

ВИСТИНА
Истата состојка и на белиот и на жолтиот шеќер е сахарозата – простиот шеќер, и неговата прекумерна консумација му штети на здравјето. Двата вида на шеќер подеднакво дебелееат и заблуда е дека жолтиот шеќер има помала калориска вредност.

НАПОМЕНА: Сепак новите истражувања укажуваат на тоа дека не е само шеќерот причина на дебелеењето, туку и претераното внесување на храна воопшто – посебно маснотии ( мрсно месо и млечните производи со високиот удел на масти и прекумерната употреба на маста и маслото при пржењето на јадењата ).

Предност треба да имаат сложените јаглени хидрати ( од овошјето, зеленчукот, интегралните житарки ) кои, во целина гледано, внесуваме премалку. На мажите им е потребно повеќе од 40%, а на жените повеќе од 45% јаглени хидрати во оброкот.

ОНА ШТО Е ДОБРО И ОНА ШТО И НЕ Е ТОЛКУ ДОБРО ЗА ЖОЛТИОТ ШЕЌЕР  

ДОБРО  
Жолтиот шеќер е повеќе природен од белиот,  затоа што е некој вид на полу производ во однос на рафинираниот бел шеќер.

НЕ БАШ ДОБРО   
Жолтиот шеќер се произведува од жолтиот шуруп и на неговата површина и во внатрешноста на кристалната мрежа содржи одредено количество на супстанци од меласа – затоа се смета за повеќе природен. Тој е во суштина полу производ, и затоа не е оправдано да биде многу поскап од рафинираниот шеќер, за чие производство се троши повеќе време и енергија, што ја диктира и цената. Освен тоа, познато е дека на нашиот пазар често постојат сурогати на здрави или поздрави намирници: не само да се некогаш обојува лебот и печивата ( да изгледа како црн, интегрален ) туку и шеќерот. Затоа може да се случи да жолтиот шеќер биде во суштина бел кој е обоен.

ДОБРО  
Жолтиот шеќер има повеќе корисни состојќи во однос на белиот, кој го сочинува само сахароза ( прост шеќер ). Жолтиот шеќер, на пример содржи минерали (калиум, натриум), некои витамини од Б групата и мало количество на белковини и органски бази.

НЕ БАШ ДОБРО  
Жолтиот шеќер навистина содржи повеќе хранливи состојќи, но во толку мали количества што тие и немаат некое големо значење. Жолтиот шеќер сепак има подобар вкус од белиот затоа што содржи карамелизиран шуруп кој има пријатен вкус. Според енергетската вредност и составот на јаглените хидрати, белиот и жолтиот шеќер не се разликуваат. Белиот шеќер се произведува од шеќерна репка, додека жолтиот шеќер се произведува од шеќерна трска, но двата се состојат од сахароза. Сахарозата е штетна во претерани количества, од какво и да е потекло.

ЗАКЛУЧОК  

Заблуда е дека жолтиот шеќер е многу поздрав од белиот. Таа карактеристика е добиена од страна вешто осмислен маркетинг. Подобро во исхраната да користете како замена за шеќер: малтекс, природен мед, сувото овошје.

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...