Почетна / Здравје и исхрана / Вистина и заблуда за млекото

Вистина и заблуда за млекото

Првата недоумница е – дали е во секојдневната исхрана прифтливо да се пие полномасно или млеко со помал процент на масленост. Примерот функционира. Врежано е мислењето кај голем број жени на возраст од 40 до 55 години кои се склони на дебелење дека во исхраната треба да се користи нискокалорично млеко со процент на масленост од 1 процент или потполно обезмастено млеко.

Но, ако направите таков избор, тогаш ќе добиете на тежина –  за разлика од жените кои пијат полномасно млеко и бираат млечни производи со комплетни млечни масти. Зошто тоа се случува?

Мастите од полномасното млеко ги чуваат сите хранливи состојки на калциумот и млечната киселина, кои поволно делуваат на метаболизмот. А тој е најважниот контролор и редуктор на тежината. Добриот метаболизам лесно се бори со вишокот масти не само од млекото, туку и од другите намирници кои ги содржат ги исфрлува од организмот.

Во обезмастеното млеко, калциумот и млечната киселина немаат доволно сила да го забрзаат метаболизмот , па ланчано се таложат мастите и од другите внесени намирници.

Шведското истражување кое се спроведувало 9 години на 19.000 жени во средни години покажало дека станува збор за заблуда кога станува збор за изборот на обезмастено млеко. Се докажало дека конзумирањето на полномасното млеко и сирење помагаат да ја намалите тежината, да имате поздрави и поцврсти коски особено за време на менопауза.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...