Почетна / Здравје и исхрана / Вишна – еликсир на здравјето!

Вишна – еликсир на здравјето!

Вишната е овошје кое во современата исхрана има високо место и се најдува во многу производи. Вишните не се наоѓаат само во питите со вишни, туку и во соковите, мармеладот, шурупите, компотите, сладоледите, кремовите … Сега ќе се запрашате, каква врска има сето ова со здравата исхрана? Вишните се поздрави отколку што мислите.

Вишната дојде во нашите краеви од Мала Азија уште во времето на Римјаните, а денес вишната се одгледува плантажно.

Секое овошје, па и вишната е оскудна со маснотии и белковини, па и со калории, но затоа обилува со витамин Ц, витамин Б комплекс и минералите – калиум, железо и кобалт. Енергетската вредност на вишната е 46 кал/100 грама плодови, а карактеристиките не и се менуваат ниту кога се замрзнати. Поради тоа во вишните уживаме цела година.

Вишната содржи моќни антиоксиданси кои се наоѓаат во нејзиниот пигмент (антоцијанини), и имаат голема улога во превенцијата против најтешките заболувања. Со намалување на влијанието на слободните радикали на клетките, ги заштитуваме од оштетување. Поред гликозата, вишната содржи и киселини (јаболкова, лимонска и винска)содржи околу 85% вода, па делуваат освежително на организам. Тоа е причината зошто сокот од вишни е толку вкусен. Вишната е одлично средство во спречување на ракот, анемијата, инфарктот, шлогот и артериосклерозата. Сокот од вишни е познат по намалувањето на крвниот притисок, па вишната е ценета кај личностите кои боледуваат од хипертензија.

Вишните се одлични кај зголемениот холестерол, затоа што антиоксидансите го спречуваат лошиот холестерол да оксидира и да ги оштетува крвните садови. Вишната е вистински чувар на целиот кардиоваскуларен систем. Исто така одличен е извор на витамин Ц кој поволно делува на одбранбените сили на организмот кај инфекциите. Поред тоа вишните го подобруваат видот, ја намалуваат коагулација на крвта, го подобруваат квалитетот на спермата кај мажите, спречуваат анемија кај жените после менструација, го нормализираат притисокот, ја смируваат реумата и гихтот.

Сепак овој еликсир на здравјето, дијабетичарите треба да го консумираат внимателно затоа што вишните содржат доста шеќер. Сите останати нека уживаат во вишните колку што сакаат.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...