Почетна / Рецепти / Ви здосади класичната пица? Пробајте ги овие 4 рецепти!

Ви здосади класичната пица? Пробајте ги овие 4 рецепти!

Ако ви здосади класичната пица и сакате да направите нешто поразлично, поздрава верзија на популарното јадење, разгледајте ги овие 4 едноставни предлози за рецепти.

Пица со брокула и домат

Потребно:
200гр ситни цветови брокула, 1.5 лажица маслиново масло, 1 лажица лук во пра, 3 пити леб или тортилји, 100 гр ренданo сирење, 100 гр шери домати, 50гр моцарела.

Подготовка:
Обарете ја брокулата на кратко, исцедете ја и ставете ја во тава. Посипете со маслиново масло и лук па пропржете на тивок оган додека состојките не пуштат мирис. Ставете на плех хартија за печење и секоја пита исфилувајте ја со брокула, сирење, шери домати и моцарела. Печете во рерна околу 10 минути додека сирењето не се истопи, а горниот дел не стане крцкав.

 

Пица со грилован црн патлиџан

Потребно:
1 подлога за пица, 3 лажички маслиново масло, 1 црн домат, 2 мали домати, 50 гр кашкавал, малку свеж босилек, сол и бибер.

Подготовка:
Намаслете го и зачинете го доматот. Грилувајте го на тивок оган. Тргнете го настрана и покријте го со фолија за да остане топло. Потоа на хартија за печење ставете една од тортилјите за пица. Намазете ја со маслиново масло и посипете од зеленчукот, кашкавалот и босилекот. На крај зачинете со бибер и печете на 200 степени пазејќи да не загори.

 

Пица со компир и аспарагус 

Потребно:
1 тортилја, 2 средни компири, 250 грама аспарагус, 2 киски млад кромид, 50 гр кашкавал, 2 лажици маслиново масло, сол и бибер.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени, ставете хартија за печење на плехот. Над тортилјата ставете компир исечен на кругови, аспарагус насечен долгнавесто, кругчиња кромин и нарендан кашкавал. Све посипете со масло, сол и бибер. Печете 2- до 25 минути.

Пица со пилешко и печурки

Потребно:
200 грама палента, 100 грама пармезан, 250 гр кашкавал, сол, бибер, 3 лажици маслиново масло, 100 грама ситно насечени печурки, 1 чешне лук, 1 лажица зачин мајчина душица.

Подготовка:

Сварете ја палентата, тргнете ја од оган и додајте пармезан, кашкавал, сол и бибер. Обликувајте ја палентата како тортилја на хартија за печење. Во тава  пропржете ги печурките и посипете со мајчина душица. Се прелијте преку палентата и посипете со остантиот кашкавал. Печете околу 30 минути.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...