Почетна / Активен живот / Вежби за растегнување како секојдневен ритуал

Вежби за растегнување како секојдневен ритуал

Кога ќе се разбудите, кои се првите активности што ги правите? Што правите после долгото седење или стоење на работа?И уште многу други слични ситуации, кога нашето тело завзема статична положба или правиме нешто исто. Свесно или несвесно, се истегнуваме! Зошто?

Колку и да звучи банално, при секојдневните активности, телото ни праќа знаци кога треба да му ги олеснеме движењата и функционирањето. Во голем број случаеви тоа го правиме автоматски, освен ако не се занимаваме со спорт или некоја друга рекреација кога вежбите за истегнување имаат некаква цел како за почеток така и за завршување на тренингот. Позитивното чуство кое го имаме после истегнувањето придонесува за:

  • Подобрена циркулација
  • Намалена мускулна напнатост
  • Забавување или спречување на дегенеративните промени на зглобовите со тек на старост
  • Превенција од повреди при секојдневни и спортски активности
  • Олеснети движења

Клучни делови на телото на кои треба да обрнете внимание за време на вежбање се зглобовите на половината, колковите и рамената. Тоа е така поради сензибилноста на овие делови и склоноста кон повреди. Еве неколку совети:

  • Постепено растегнувајте се, без да се јави јака болка
  • Задржете се во позиција во која се осеќате пријатно 15-30 секунди
  • Дишете споро, што подлабоко, се додека не стане отежнато
  • Концентрирајте се на делот од телото кој го истегнувате затоа што на таков начин постигнувате поголем ефект
  • Истегнувајте се што почесто, кога времето и обврските ви дозволуваат

Постојат различни видови на истегнување. Секое од нив има своја предност и техника на изведување. Исто така постојат голем број на вежби кои треба да ги примените одвоено, за спортски, рекреативни и превентивни цели. Затоа, прво обратете се за совет кај стручно лице.

Флексибилноста на зглобовите т.е телото има големо влијание врз развојот на коскениот и мускулниот скелет кај децата од најрана возраст па се до најстара доба како превентива. Ваквиот вид активности не одзема многу време, а може навистина да ви помогне!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...