Почетна / Совети за здравје / Вежби за подобрување на меморија и подобро помнење

Вежби за подобрување на меморија и подобро помнење

Испробајте го неуробикот, системот на вежби за поттикнување на менталните способности и зачувување на меморија.

На сите нас животот понекогаш се претвора во шаблон: работа – куќа –  куп обврски.

Ни станува се потешко да се фокусираме на нешто ново, послабо помниме, концентрацијата ни е лоша … Мозокот функционира исто како и телото. Доколку не се движи, станува тром. Затоа мора да се вежба.

Што е неуробик?

Терминот неуробик воведено е во Америка за да се означи систем на вежби за поттикнување на менталните способности. Главната задача на неуробикот е стимулација на работа на мозокот и зачувување на меморија. Вежбите можат да работат сите – деца за да ја извежбаат вниманието и да се навикнат да присвојат нови содржини, а возрасните за да бидат ментално активни и за да ја спречат деменцијата.

Како ослабува функцијата на мозокот?

Менталните способности се намалуваат како последица на слабеењето на врската помеѓу нервните клетки во кората на големиот мозок. Некогаш се мислеше дека нервните клетки не се обновуваат, но докажано е спротивното. Нервните клетки кои изумираат, како и клетките во кората на големиот мозок, можат да се регенерираат, но за тоа е потребен постојан тренинг.

Техники на вежбањето

Станува збор за едноставни, но исклучително ефикасни вежби. За нив не Ви се потребни пари, ниту подготовка, ниту многу време. Можете да ги работите било каде и во било кое време. И во Вашиот дом, и на работа и додека јадете и додека се туширате …

Посетете ги местата каде досега никогаш не сте биле – ова е многу важно за визуализацијата и се стимулира перцепцијата. Тоа може да биде некој нов парк, книжара, продавница…

Мирисајте ги различните мириси – купувајте различни етерични масла, ароматични свеќи или миризливи стапчиња. Секое утро, веднаш штом ќе се разбудите, препуштете се на мирисот кој никогаш до тогаш не сте го мирисале. Непознатиот мирис и арома ќе Ви го разбуди мозокот.

Одете со затворени очи – движете се по Вашиот дом со затворени очи, бидејќи тоа е одлична вежба за концентрација.

Лево – десно – доколку пишувате со десна рака, не ги миете рацете со десната, туку со левата рака и обратно

Облекувајте се убаво – можеби облеката не го чини човекот, но влијае на душевната состојба. Научно е докажано дека гардеробата која ја носиме влијае на чувствата , на сексуалноста и на начин на мислење, а осмислувањето на нови одевни комбинации ја поттикнува креативноста.

Играјте пантомима – не е лесно да се совлада Браевата азбука ниту да се научи како да се разговара со гестови, но и едното и другото ќе Ви го развие способноста на Вашите сетила.

Нова маршута – што почесто менувајте го патот по кој одите на работа или да пазарувате. Дури и ако е новиот пат подолг, нека тоа не Ве обесхрабрува. Ќе го вежбате мозокот и мускулите на нозете.

Предизвици – бидете храбри. Доколку ја добиете шансата да се опробате во нова работа, за кој не сте многу подготвени, прифатете го предизвикот. Мозокот најбрзо се активира кога човекот не знае сосема точно што треба да работи.

Несекојдневни одговори – смислувајте несекојдневни одговори на секојдневни прашања. Дури и на оние секојдневни прашања како на пример: “ како сте “ можете да одговорите на најмалку 10 различни начини.

Допирајте – научете со помош на допир ги разликувате железните парички. Вежбата е многу корисна бидејќи го развива сетилото за допир и го развива нервните клетки. Работете тоа додека седите во чекална или додека стоите ви редот во поштата. Ќе Ви го скрати времето.

Дознавајте нови работи – доколку ги пратите модните весници, земете некој весник кој се бави со екологија. Ги обожувате патописите? Прескокнете ги и читајте ги страниците за животните. Ова не значи дека треба да се откажете од Вашите интереси, туку да се интересирате и за други работи.

Поинаков викенд – Доколку викендот обично го поминувате во градот, наредниот пат упатете се во природа. Не слушате музика? Тогаш купете влезница за концерт, па ќе ги доживеете многу убави чувства. Доколку не Ви се допаѓа атмосферата секогаш можете да излезете.

Забрзајте го ритамот – доколку сте бавни, намерно поставете си задача да се побрзо движите и побрзо реагирате. А доколку не Ве држи местото работете по полека. Сменувањето на природното темпо одличен е тренинг за концентрација.

Забавувајте се – измислување анегдоти и смеењето не е само што е  забавно туку е и многу корисна ментална активност. Хуморот ја движи мрежата на нови асоцијации, ја развива креативноста и умните способности.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...