Почетна / Фитнес и аеробик / Вежби по Ваша мерка

Вежби по Ваша мерка

Вежбањето е најдобар начин да Вашето тело и ум останат здрави, важно е само да ја одберете активноста која на  Вас најмногу Ви одговара. Животот без активност и без вежби повлекува со себе и голем број на здравствени проблеми како што се кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, дебелина и други сериозни здравствени заболувања. Доколку се уште не сте се одлучиле ко која физичка активност сакате да почнете и во дилема сте која врста вежби сакате да изберете, еве неколку предлози

АЕРОБИК – е идеален за почетници и преставува комбинација на различни аеробни тренинзи со вежби за снага и обликување, како и истегнување и отпуштање на крај на тренингот. Резултат е убаво обликувано тело, добра кондиција и одлично расположение.

ТАЕ БО – преставува комбинација на основните елементи од различните боречки вештини во текот на аеробен дел на тренинг и вежби на сила и обликување. Со овие вежби ќе ги активирате мускулите на цело тело, ќе ја исфрлете негативната енергија од организмот и ќе излезете со насмевка на лицето.

ПИЛАТЕС – преставува комбинација на повеќе вежби од јога, таи чија и пилатес, сила и истегнување со контролирани движења кои се изведуваат полека, со нагласено правилно дишење. Со овие вежби се ангажираат и дефинираат сите мускули на телото, влијае на правилното држење на телото, а во исто време го намалува стресот.

ЗУМБА АЕРОБИК – доколку сакате да се забавувате вежбајќи, ова програма ќе Ве воодушеви. Преставува комбинација на различни латино танци (салса, самба, джајв, румба, кумбија, регетон) со фитнес. Се состои од забавни чекори и комбинации кои лесно се учат. Дава долгорочни ефекти. Со ерупција на адреналин ги согорува калориите, обновува енергија, ослободува од стрес и го обликува телото.

БОДИ ПУМП – преставува програм на вежбање насочен кон дефинирање на мускулите, зголемување на силата и издржливост на големите мускулни групи со оптимална калориско трошење. Во текот на тренинг се користи голем број на реквизити, тегови, степер … Овој програм идеален е за оние кои сакаат да ја зголемат снагата и издржливоста, а во исто време и да обликуваат своето тело.

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...