Почетна / Здравје и исхрана / Веро-центарот организира „Cheese land“ (Земја на сирењето)

Веро-центарот организира „Cheese land“ (Земја на сирењето)

Oд денес до 15 декември Веро-центарот ќе биде ексклузивно место каде потрошувачите ќе може да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет. За сите обожаватели на сирења, кашкавали и останати млечни производи од таа палета, Веро-центарот организира „Cheese land“ (Земја на сирењето) каде потрошувачите ќе може да купуваат, да дегустираат, да тестираат и да го оценуваат она што ќе го пробаат како на своите омилени производители би им ги посочиле своите забелешки, вкусови, потреби и барања. Веро-центарот ќе им понуди подароци и изненадувања на потрошувачите, како и богата програма на активности што ќе им се допадне и на возрасните, но и на најмалите. На „Cheese land“-от во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во сирењата на Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Хемипром, Рудине, Екошар, Mонтенегро, како и во вината на Стоби и на Тиквеш, но и во домашниот ајвар на Хина, вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.

Проверете и

Зошто ни е потребен магнезиум?

Магнезиумот е еден од основните  елементи кои се потребни  за правилно функционирање на организмот. Но, ...