Почетна / Активен живот / Велигденското јајце, симбол на нов живот кој што се раѓа

Велигденското јајце, симбол на нов живот кој што се раѓа

Празникот Цветници, не воведува во голема недела, во која христијаните се сеќаваат на Христовото мачење, смртта и воскресението и со тоа ја зацврстуваме верата. Освен во духовната смисла за Велигден треба да се подготвиме и со други видливи симболи, како што се набоени јајца, Велигденски пилиња и зајачиња, со кои ќе го декорираме и разубавиме домот. Идеи за декорации никогаш доста!

Велигденските јајца симболизираат нов живот кој се раѓа, така да и декорацијата на масата во облик на јајце, како и жито засадена во ваков декоративен сад  вистински ја пренесуваат ова порака и симболика.

Поголемо јајце, на пример од ној, или обично јајце од кокошка, скршено на пола може да послужи како декоративен сад во кој пред Велигден ќе посадите украсни или зачински билки и со нив ќе ја разубавите Вашата кујна или дневна соба.

На вакви украсни садови, секако керамички, нај веројатно ќе наидите во деновите пред Велигден при посетувањето на трговските центри како и во дуќаните. Можеби ова идеја ќе ве инспирира и за нови креации. Се што е поврзано за јајце, зајаци или јагниња овие денови одлично ќе послужи како убав поклон на Вашите драги личности. Бидете оригинални!

Сами можете да направите вазна од тврдо варено јајце. На врв треба со жица да ја скршите лушпата, но внимавајте да не го скршите јајцето по цела должина.

Потоа од лушпата треба да се ослободи само врвот, а мекиот дел од јајцето треба да се издлаби со жица. Во лушпата се става земја и во неа се засадува семка од билка која во него ќе расте. Секако дека во лушпата и во семето треба да се додаде вода и треба да се стави на светло место, за да има доволна енергија за растење.

Во секое јајце можете да засадите друга билка, на пример босилек, магдонос, нане, но во јајцето можете да засадите и цвеќе, како што е хризантема, перуника и со ваква креативна и убава садница можеме да ја изненадиме личноста која сака билки и која ќе ја разбере Вашата креативност.

Јајцата со зачински или украсни билки можете да ги ставите во чинија од теракота или во картонска кутија. Тоа ќе биде изненадувачки поклон, но и убава декорација на Вашата маса.  Картонската кутија можете да ја ставите во долг сад за цвеќиња во кој претходно имате засадено жито. Житото кое расте и јајцето од кое се развива живот, сад со цвеќе ќе делува многу интересно на Вашата маса во дневната соба. Секако под услов да садот во кој ја ставивте декорацијата е доволно атрактивна и зачувана.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...