Почетна / Рецепти / Велигденски венец

Велигденски венец

Велигденскиот венец е плетенка од тесто во која се ставаат велигденските јајца. Овој венец го симболизира венецот на Исус Христос па се нарекува уште и Исусовиот венец. Велигденската плетенка е едноставна за подготовка, а освен што е вкусна одлично ќе послужи и како декорација, но се додека апетитите не се отворат баш како што се случува и за другите празници.

За овој венец потребно Ви е:

3 децилитри вода, 3 јајца, лажица сол, лажица и пол шеќер, 4 лажици масло, 600 грама брашно, 10 грамасув квасец, 2 лажици суви зачински билки ( магдонос, рузмарин, жалфија, оригано ) и жолчка за премачкување.

Во 0,5 децилитри вода додадете сув квасец и лажица шеќер, измешајте и оставете настрана квасецот да надојди. Брашното ставете го во поголем сад, додадете сол, шеќер, изматени јајца, надојдениот квасец и додадете ја преостанатата млака вода. Замесете го тестото да биде глатко и прекријте го со кујнска крпа и оставете настана тестото да надојде. Надојденото тесто префрлете го на работната површина со брашно, во средина направете вдлабнатина, во него ставете ги зачинските билки, но не се, туку оставете и малку од зачините за подоцна. Месите неколку минути, покријте со кујнската крпа и оставете го тестото да поседи30 минути. Тестото уште малку месете го на работната површина, а потоа поделете го на три дела, секој дел развлекувајте во форма на ролна, направете плетенка и спојте ја така да се добие форма на венец. Целиот венец премачкајте го со изматената жолчка, наросете со преостанатиот сув зачин, ставете го венецот во тепсија која е обложена со хартија за печење и печете го 60 минути на 160 степени.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...