Почетна / Рецепти / Велигденски козињак

Велигденски козињак

Велигденската трпеза ќе биде уште поубава со овој убав и вкусен  козињак, а празникот со вашите најблиски и најсакани – незаборавен!

Состојките:

  • 5 шолји брашно ( 780 грама )
  • 150 грама шеќер
  • 2 коцки пивски квасец
  • Шолја + ¼ шолји вода
  • Кесичка прашок за печиво
  • ½ лажица шафран
  • 2 лажици сусам
  • 3 јајца
  • Рендана кора од лимон

Подготовка

Иситнете го квасецот со виљушка со 2 лажици брашно и лажица шеќер, додадете малку млака вода да биде густо и оставете го на топло место да поседи. Во поголем сад изматете 3 жолчки и шеќер, додадете шафран, растопениот путер, квасец, млака вода, а потоа постепено брашно мешајќи со рака. Во брашното додадете прашок за печиво. Тестото треба да биде глатко и еластично. Ако треба, додадете уште малку вода. На крај додадете ренданата кора од лимон.

Кога тестото се одвојува од садот, оставете да порасне до дупла количина ( околу 1 час ). Покријте го со салфетка која претходно ја наквасивте со жешка вода. Тестото префрлете го на работна површина посипете го со брашно и свиткувајте го неколку пати со раце. Рерната нека биде приклучена на 100 степени. Снег од 2 белки измешајте со сусам.

Тестото поделете го на три дела и развијте три ролни, премачкуваме со малку истопен путер, а потоа сплетете ја плетенката, и ставете ја во тепсија. Оставете ја да нарасне. Украсете ја со сусам или со тенки ливчиња бадем. Печете 10 минути, а потоа зголемете ја температурата на 170 степени и печете уште 15-20 минути. Покријте го готовиот козињак (плетенка) со салфетка до служењето.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...