Почетна / Здравје и исхрана / Велигденски декоративни погачи

Велигденски декоративни погачи

Овие Велигденски декоративни мини-погачи вашата трпеза ќе ја направат уникатна и незаборавна.
Можеби и малку подранивме со идеите за Велигден меѓутоа толку многу идеи сакаме да споделиме со вас што подобро е да ви ги презентираме што порано.

За погачите потребно ви е :
– лажица сол
– 2 лажици шеќер
– 1 квасец
-1 јајце
– чоколадни декоративни трошки
– 1 кг брашно
– млако млеко
– суво грозје

Квасецот се остава да најдојде помешан во мала количина на млака вода и измешан со шеќерот.
Брашното се меша со солта, млекото и настасаниот квасец.
Убаво се меси и се остава да надојде околу 40 минути на топло.
Се размесува настасаното тесто и во него се додава сувото грозје. Од секоја од користе се формираат две ленти кои се испреплетуваат во форма на мало колаче со многу мало место на средина за празнина.
Се премачкуваат со изматено јајце и трошки.

Погачите се печат додека не заруменат.
За декорација на средината на секоја погача откако ќе се испечат се става велигденско јајце.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...