Почетна / Рецепти / Вегетаријански бургер во кој и обожавателите на месо ќе уживаат

Вегетаријански бургер во кој и обожавателите на месо ќе уживаат

Постои ли некој кој не обожава сендвичи?
Брзи се за подготовка, може да се прават со најразлични комбинации, да се потпекуваат, тостираат или да се подготват во врап верзија  – за нив секогаш сме расположени кога не ни се чека да подготвуваме комплицирани оброци.

Здрава алтернатива на класичниот бургер секогаш има.
Еве како да подготвите вегетаријански бургер со црн грав.
Толку е вкусен и добар што ќе иим се допадне дури и на обожавателите на месо иако и не е толку конвенционален за нив.

Потребно за овој рецепт ќе ви биде:
– црн леб по избор
– кромид
– потпечена пиперка
– црн грав претходно сварен
– овесни снегулки
– сварен ориз или хејлда (изборот е ваш)
– соја сос
– ореви
– Ворчестер сос
– сенф
– зачини
– сок од лимон
– авокадо

Овесните снегулки најпрво се блендираат со малку соја сос. На содржината се доава црниот грав, се блендира, откако ќе се изблендира се додаваат ориз, кромид, лажица сенф, лажица мед, малку лимон и рака ореви. Се блендираат сите состојки заедно додека не се добие хомогена смеса.
Од смесата се прават плескавици кои се одделуваат една од друга со мрсна хартија.
Се гриловаат на скара претходно напрскана со малку масло и премачкана со парче кромид.

Од авокадото и кромидот со малку сенф и лажица мед се блендира смеса која се премачкува во еден од слоевите во сендвичот. Еден од слоевите е пиперка а останатите по избор.
Уживајте!

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...