Почетна / Активен живот / ВЕЧЕРВА ЈА ЧЕКАМЕ СТАРАТА НОВА ГОДИНА !!!

ВЕЧЕРВА ЈА ЧЕКАМЕ СТАРАТА НОВА ГОДИНА !!!

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Оние кои не кршеле погача со паричка на Бадник, тоа ќе го сторат вечерва. Според стариот обичај, секој во семејството добива по едно парче од погачата, а тој што ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.

Старата година  ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. За разлика од нив по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...