Почетна / Здравје и исхрана / Ванила – кралица на зачините

Ванила – кралица на зачините

Ванила е многу ароматична билка, со карактеристичен интензивен мирис и се одликува со раскошен и благ вкус. Поради долготраен процес на производство, ова билка покрај шафран и кардамон, спаѓа помеѓу најскапите зачини на светот, а позната е како силен афродизијак.

Ванила се смета за кралица на мирисите и зачините поради исклучително пријатен мирис кои и дава ванилин. Ванила припаѓа во семејството на орхидеи, потекнува од Мексико, од таму се има раширено на други тропски подрачје. Може да порасне до 15 метри, има долги меснати листови и жолти или портокалови цветови кои се јавуваат дури по три години од садењето.

Против грчеви во желудникот – најчесто се користи за подобрување на вкусот на различните јадења и пијалаци, а се верува дека консумирањето на храна која е збогатена со ванила позитивно влијае на централен нервни систем. Етерското масло кое се развива во плодот на ванила во текот на нејзиното созревање ги намалува грчевите во желудникот и цревата. Екстрактот од оваа билка се прави од иситнети суви мешунки кои се ставаат во жешка вода и алкохол. За јадење се користи внатрешноста, мекиот дел на мешунката, кој има интензивна арома и затоа е потребно умерено да се дозира.

Намалува апетит – истражувањата кои ги спроведуваа научниците покажаа дека благиот мирис на ова билка делува смирувачки, и дека е одлично средство против напад на град. Учесниците на експериментот кои имаат зголемена телесна тежина залепен е фластер кој ослободува мирис на ванила, ова имало ефект и нападите на глад се намалија за 50 проценти.

Ароматично кафе – исечените мешунки ставете ги во садот со пола килограм шеќер и добро затворете го истиот. По две, три недели шеќерот ќе го добие карактеристичниот вкус на ванила и се користи за кафе или чај. Исто така, мешунките на ванила можат да се исечат и да се измешаат со кафе пред варењето за да кафето добие блага арома.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...