Почетна / Активен живот / УЖИВАЈТЕ ВО СНЕГОТ ЗАЕДНО СО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО!

УЖИВАЈТЕ ВО СНЕГОТ ЗАЕДНО СО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО!

Зимските денови искористете ги за семејното дружење на снегот во Вашиот двор, во паркот или на планината. Користа ќе биде повеќекратна – Вашите деца ќе го дишат чистиот воздух, убаво ќе се играат и ќе се дружите.

Искористете ја секоја прилика да излезете со децата на снегот. Кога Вашето дете ќе почне да се игра и да трча по снегот соблечете му ја винтјагата, капата и шалот, а во истиот миг кога почнува да му бидат црвени образите повторно затоплете го. Активностите на снегот можете да ги започнете со правењето и фрлањето на снежните топки. Нараквиците во овој случај не се потребни, затоа што при правењето на снежните топки на детето ќе му биде поладно во рацете. Меѓутоа како активноста трае, телото се загрева, а рацете стануваат потопли.

Ако во паркот наидете и на други деца, организирајте им заедничка игра. Поделете ги во две групи, обележите го меѓу просторот каде што не треба да се влезе, и играта може да почне. Ова активност можете да ја применувате во Вашиот двор со Вашите деца.

Дали има нешто поубаво од правењето снешко? Камчиња, гранчиња, костените, ќе бидат добра замена за очи и уста. А доколку од дома донесете морков, Вашите деца со задоволство ќе учествуваат во ова снежна церемонија.

 

Најомилената детска игра на снегот е секако санкањето. Потребни Ви се дрвените санки со што помалку метални делови (за да не дојди до повреди), додека пластичните не се препорачуваат затоа што многу се лизгаат и со нив е тешко да се управува. Освен тоа не го заборавајте златното правило – децата сами да ги влечат санките! На тој начин, освен што ќе ги зајакнат мускулите на рамената и рацете, воедно ќе ја стекнуваат одговорноста и обврската кон работите и спортските реквизити. Доколку Вашето дете е постаро од шест години тогаш тоа може самостојно да се спушта низ падината, додека на малите деца им е потребна помош од родителите при спуштањето и при запирањето. Активното време на снегот децата можат да го поминат и на малите пластични скии, или на различни предмети кои лесно се спуштат низ падината.

И на крај, скијањето на снегот! Прво проверете дали се под снежната покривка крие поголем камен, а потоа детето може да се скија колку што сака. Снегот е идеален за детските игри и активности, затоа што го намалува секој удар и паѓање.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...