Почетна / Активен живот / УЖИВАЈТЕ ВО ЕСЕНСКИТЕ КРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ СО ВАШИТЕ ДЕЦА

УЖИВАЈТЕ ВО ЕСЕНСКИТЕ КРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ СО ВАШИТЕ ДЕЦА

Препознатливите знаци на есента ги гледаме секој ден: лисја во златна и бакарна нијанса, костени, кукулички, желади и останати есенски плодови. Можеби некој не го сака ветерот, на некој му сметаат студените денови или дождот, но предлагаме да го искористете секој убав ден. Прошетајте се со Вашите деца и уживајте заедно во магијата на есента. Некогаш е доволно да трчате по паднатите лисја и да служете како лисјата крцка под Вашите нозе. Децата уживаат во ова активност. Нивната насмевка и радост во лицето ќе биде најубавиот поклон кој можете да добиете.

Ви предлагаме уште неколку прекрасни активности како да се забавувате со Вашите деца и да внесете ова волшебно годишно доба во Вашиот дом на оригинален начин:

Направете украси од стапчиња канела 

Со овие преубави украси од стапчиња цимет можете да ја украсите Новогодишната елка во Вашиот семеен дом. Дури и да помине подолго време тие и понатаму ќе мирисаат на канела! Бидете креативни, забавувајте се со Вашите деца, и направете ги малите ирваси кои ќе го исполнат Вашиот дом со пријатна миризба. Се што Ви е потребно се три стапчиња (лепете ги така за да добиете триаголник, оставајќи малку простор на краевите на стапчињата за роговите), малку црвена волна за носе и нешто што ќе искористете за да направите очи (можете очите да ги нацртате со маркер). Додадете малку конец за да можете да го закачите некаде во Вашиот дом или да го искористете како декорација за Новогодишна елка.

Испечете ги семките од тиква  

Иако семките од овошјето и зеленчукот не ги користиме, тоа не е случај со семките од тиква. Семките од тиква се здрави и пред се вкусни. Заедно со Вашите деца извадете ја внатрешноста на тиквата, нека децата ги издвојат семките, а Вие родителите измијте ги семките и исушете ги. Во тавче ставете ги семките на 200 степени и печете ги 30 минути. Ова подготвување на семки не е само вкусна есенска ужина, туку може да биде активност со која ќе учествувате заедно со Ваши деца.

Направете украс од кукулички 

Уште една забавна активност која ќе внеси мирис на есен во Вашиот дом. Искористете ги есенските плодови и направете прекрасни аранжмани како би ја украсиле Вашата куќа или стан. Прошетајте со Вашите деца во паркот и соберете ги кукуличките и желадите (исчистете ги од прашина и ситни бубачки). Нанесувајте на нив малку лепило и наросувајте ги со канела па оставете ги да се исушат преку ноќ. Овие украси следното утро убаво ќе замирисате, можете да ги дополнете со иглички од елка, со исушена кора од портокал или мандарина, и така ќе го внесете мирисот на есента во Вашиот дом

Есен на детските цртежи  

Има нешто волшебно во ова годишно доба кое ја бои природата со прекрасни нијанси на црвена, жолта и портокалова. Освен што глетката е убава за набљудување и фотографирање, детските цртежи и дават посебна убавина. Затоа изведете ги децата надвор и понесете ја хартијата, боичките и фломастерите (во бои на есента како што се кафеава, црвена, портокалова и жолта) и нека ја цртаат природата. Ова е одличен начин да внесете сета убавина на мајката природа од ова доба на годината во Вашиот дом.

Направете венчиња од отпечатоците на дланките од Вашите деца

Луѓето обично ги закачуваат венчињата на влезната врата во овој период од годината, кои се направени од кукулички од елка или од есенските лисја. Сепак ова година направете венче кои Вашите деца го имаат направено од отпечатоци на нивните дланки! Она што Ви е потребно е хартија, темпери, лепило и ножици. Децата можат да направат отпечатоци на нивните дланки на хартија во боја, го сечат тоа парче хартија, го лепат во круг или да ги стават дланките во темперната боја и направат отпечатоци на обична бела хартија. Без оглед на тоа која техника ќе ја изберете, Вашите деца убаво ќе се забават и ќе направат уште поубав спомен со кој ќе го украсите Вашето семејно катче.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...