Почетна / Активен живот / Уживајте со своите најблиски и најсакани во малите радости

Уживајте со своите најблиски и најсакани во малите радости

Уживањето во мали, секојдневни радости и за деца и за родителите се бесценети моменти. Но, преоптоварени со обврски, заглавени во борба помеѓу деловни и приватни обврски …

Уживањето во мали, секојдневни радости и за деца и за родители се бесценети моменти. Но преоптоварени со обврските, заглавени во борбата помеѓу деловните и приватните обврски, обидот да се видиме со пријателите, пазарењето, подготвувањето на квалитетни оброци за децата, многу родители не стигнуваат да со нивните деца се дружат на забавен и квалитетен начин. За да тоа не се случува, еве неколку начини како да ја искористете Вашата и детската креативност и да се зближите со нив.

Потрудете се да во петок навечер го исклучите телефонот и од Вашиот свет да влезете во светот на Вашите деца, се до понеделник наутро. Нека сабота биде Ваш забавен ден, а сите домашни обврски оставете ги. Детето така повеќе време ќе поминува со Вас и ќе има прилика да постепено стекнува работни навики. Децата бараат само Ваше време и Ваше внимание. Затоа уживајте во нивното растење, допуштете си малку забава како што се играње со куклите, правење шатор во средина на дневната соба и вратете се во Вашето детство.

Исполнете им понекогаш некоја специјална желба, слушајте ги, учествувајте во нивните омилени активности. Доколку Вашата тинејџерка е заинтересирана за готвење, допуштете и да во викендот Ви помага да подгответе ручек или кекс … Доколку читањето е нивната страст, прочитајте иста книга и тогаш разговарајте за ликовите, содржината и поуката која ја извлекоа од таа книга.

Рекреацијата е уште еден начин да се зближите, па затоа шетајте, одите заедно на аеробик, играјте тенис. Изработка на домашните задачи и проекти за училиште исто така Ви дава шанса да во некој работи заедно учествувате. Помогнете им додека прават фигури од пластелин, вулкан за час по географија или уметничко дело од ориз, или едноставно правете им друштво и искористете го тоа време за разговор.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...