Почетна / Здравје и исхрана / Утре е светски ден на храната

Утре е светски ден на храната

Не фрлајте ја храната, некој во светот денес гладува!
Македонците фрлаат повеќе од 5000 тони храна годишно.
Во свет каде гладот е сеуште глобален проблем, фрлањето на тони на храна треба да не потсети дека треба да размислуваме потрезвено. Велат оној кој не почувствувал глад ја фрла храната.
Доколку имате можност помогнете некому па макар и симболично со храна.
16 октомври е светски ден на храната и ден за борба против гладот.

За таа цел на 15 октомври ( сабота )  2016 година во холот на Веро Џамбо од 12-14 часот,
Агенцијата за храна и ветеринарсво на РМ ќе го одбележи светскиот ден на храната.

Предвидено е во настанот да учевствуваат 8 македонски компании :

Випро Гевгелија, Пивара Скопје, Жито Лукс, Витаминка, , Кожувчанка, Здравје Радово, Глобус и Аронија во симболичен настан каде секоја од компаниите ќе има свој изложбен штанд, каде посетителите ќе имаат можност да дегустираат од производите на компаниите.

Во склоп на настанот ќе се одржи и работилница за деца, каде најмладите ќе може да приготват вкусни и здрави сендвичи од храната на нашите македонски производители. Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така ќе земе активно учество со свој штанд на кој ќе се делат информативни материјали за граѓаните.

Паралелно со нашиот настан ќе се одржи и еден хуманитарен настан на Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА во соработка со Град Скопје.
Предвидена е и богата програма со музички и танцови точки.

Ве покануваме да го посетите настанот!

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...