Почетна / Совети за здравје / Уринарни инфекции и нивно лекување

Уринарни инфекции и нивно лекување

Уринарните инфекции се сериозен здравствен проблем. Тие се втора зачестена појава на инфекција која се појавува кај човекот по инфекциите на респираторниот тракт. На овој тип на инфекции најподложни се жените со оглед на тоа што анатомијата на уринарниот тракт е таква што инфекциите полесно се создаваат (жените имаат многу пократко мочно каналче од мажите) . Иако кај мажите овие инфекции се ретки сепак преставуваат сериозен здравствен медицински проблем за чие остранување потребни се и соодветни третмани.

Уринарниот систем составен е од бубрези, бешика, уретра. Кај мажите овој систем го надополнува и простата која е во тесна анатомско-функционална врска со овој систем.

Што ги предизвикува уринарните инфекции?

Нормалниот уринарен тракт не содржи бактерии тој е стерилен. Инфекцијата ја предизвикуваат најчесто бактерии кои стигнале низ најразлични начини до уринарниот тракт. Тие се внесуваат преку надворешниот мокрачен отвор, преку крв, лимфи или со директно преносување од другите органи кои се инфицирани.

Предизвикувачи на иринарни инфекции се микроорганизми и бактерии. Во најчест случај се работи за бактеријата Escherichia coli која е најчест жител на дигестивниот тракт, но кога слузокожата на уринарниот тракт е осетлива па кога бактериите доаѓаат во контакт со неа започнуваат да се размножуваат предизвикувајќи воспалување, болки и други симптоми и тегоби.

Најчести симптоми се:

* често или ургентно мокрење
* болка и печење при мокрење
* мокрење во мали количини
* чувство на притисок врз долниот дел од стомакот
* заматен изглед на урината
* кај мажите може да настане и пореметување на сексуалната функција (т.е импотенција)

Како се лечат уринарните инфекции?

Инфекциите на уринарниот тракт се лечат со соодветни лекови антибиотици и уроантисептици. Во ситуациите кога постои основно разболување на уринарниот тракт као камен или хронични простатитис потребно е да се спроведе каузално лечење затоа што во спортивност инфекцијата тешко ќе може да се излечи или пак по одреден период повторно ќе се појави.

Успешно лекување на уринарните инфекции со природни суплементи

Брусницата со децении се препорачува при појава на уринарни инфекции. Таа помага при ваков тип на инфекции поради тоа што урината а прави покисела и притоа креирајќи несоодветна средина за ширење на бактерии како Escherichia coli (E. coli) кои се главни предизвикатели на уринарни инфекции.

e coli jjjjj

Тие содржат супстанции и богати се со антиоксиданси кои се борат со бактериите и притоа ги спречуваат да се прилепат на зидовите на уринарниот тракт. Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик и е вистинска ризница на заштитни состојки кои му помагаат на здравјето. Малото црвено овошје е богато со растителни влакна, нема калории и содржи: витамин Ц во огромнни количини, витамин А, витамини од Б групата, органски киселини, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Пијте чај од брусница, консумирајте ја свежа или пак пијте сок од брусница во поголеми количини.

Најфункционална е во форма на суплемент затоа што содржи оптимална концетрација на антиоксиданси кои успешно се борат против инфекциите  како и Helicobacter pylori и габите на кандида.

ккк

Д-манозата е вид на едноставен шеќер по хемискиот состав сличен на глукозата, која се добива од природните сокови на одредени видови овошја, растенија и габи. Кон крајот на 80-тите години во САД е откриено дека присуството на Д-маноза брзо и успешно ги отстранува инфекциите на уринарниот тракт кои најчесто се предизвикани од бактеријата Escherichia Coli. Кога ќе земеме поголема количина на д-маноза, готово скоро целата таа количина преку бубрезите се излачува во урината, дословно исплавувајќи ја присутната E. Coli, така да таа не може повеќе да се врзува на внатрешниот ѕид на меурот и уринарниот тракт.

Значи цел на третманот е да се постигне задоволително ниво на маноза во урината, кога клетките на E. Coliобложени со д-маноза се одлепуваат од внатречниот ѕид на уринарниот тракт и со млазот на урина се отстрануваат од организмот.

Иако манозата е едноставен шеќер и се апсорбира во горниот гастроинтестинален тракт, во организмот не се претвора во гликоген за чување, туку скоро во целост се излачува низ бубрезите.

дд

 

Kористете почесто производи на природна основа. Нескротливата Ешерихија коли нема можност кон нив да се адаптира како тоа што го прави со антибиотиците.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...