Почетна / Совети за здравје / Убава и негувана коса – ослободете се од првут

Убава и негувана коса – ослободете се од првут

Првут не е заразен, но за жал не е излечив. Сепак, може да се контролира со редовна употреба на средства кои се користат за спречување и лекување на првут.

Еве неколку практични совети:

  1. Често перете ја косата затоа што така подобро ќе го контролирате првутот. Користете по нежни шампони против првут. Може да се случи да се темето навикни на тој шампон и да тој потоа нема никакво дејство. Поради тоа, константно менувајте три шампони против првут, бидејќи секој има малку поинаков состав.
  2. Доколку првиот совет не Ви помага, почнете со појак шампон. Шампони со селениум – сулфид или цинк – пиритон делуваат најбрзо. Оние со анти бактериски супстанци уништуваат бактерии на темето и намалуваат можност за инфекција.
  3. За исклучително проблематични случаеви се препорачуваат шампони на база на катран. Оставете го на главата пет до десет минути за да катранот би можел да делува. Русокосите би требало да обрнат внимание бидејќи катранот може да ја потемни косата.
  4. Секогаш шампонирајте ја косата два пати. Прво оставете шампонот да делува пет до десет минути, и потоа веднаш исперете ја.
  5. По секоја спортска активност или физичка работа измијте ја потта затоа што потта може да го иритира темето и поттикнува создавање на првут.
  6. Внимателно со производите за коса. Не морате да престаните со употребување на гел, пена или лак за коса, но обидете се да ги користете што е можно поретко бидејќи за нив се врзува мрснотија.
  7. Не ја гребите главата кога ја миете со шампон, туку масирајте ја главата.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...