Почетна / Рецепти / Туфахије – варено и печено јаболко полнето со фил од шлаг

Туфахије – варено и печено јаболко полнето со фил од шлаг

Туфахија е  вкусен национален десерте во Босна Херцеговина која води потекло од Персија, а на овие простори дошол заедно со Османлиите. Туфахија е благо јадење од варени јаболка со цврста коегзистенција, филувана со фин крем од мелени ореви или бадеми, белка и шлаг, украсена со шлаг пена и со орев или вишна на врвот. Туфахиите се служат ладни. Туфахиите освежуваат, лесен и  вкусен десерт кој и ден денес се прават во домовите во Босна и Херцеговина.

 Состојки׃
8 јаболка,200 грама шеќер,  100 грама ореви, 1 белка, 1 лимон, 1 литар вода, 2 ванилии,
шлаг

Подготовка׃  
Измијте ги јаболката, излупете ги, издлабете им ја средината кај петелката. Водата ставете ја да се вари со 50 грама шеќер, ванилин шеќер и сок од лимон, па кога ќе зоврие водата во неа спуштајте ги јаболката и поклопете го тенџерето. Штом ќе омекнат, извадете ги, а во истата вода ставете го преостанатиот шеќер.

Кога шурупот ќе зоврие, оставете го да се излади. Варените јаболка филувајте ги со изматениот снег од белката во кое што додадовте мелените ореви и ванилин шеќер. Јаболката наредете ги во плех и се печат во рерна 15 минути на 180 степени, а кога ќе се испечат, извадете ги и полејте ги со топлиот шуруп. Потоа украсете ги туфахиите со шлаг. Добар апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...