Почетна / Совети за здравје / Црвениот кромид мелем за срце!

Црвениот кромид мелем за срце!

Црвениот кромид благотворно делува на кардиоваскуларниот систем, го регулира количеството на холестеролот и триглицеридите, но влијае и на подобрувањето на имунитетот.  

Иако може да предизвика проблем поради непријатниот мирис кој создава, треба да знаете дека црвениот кромид е извонредно здрав и дека посебно лековито делува на срцето, односно на целиот кардиоваскуларен систем. Се покажало дека неговите таканаречени сумпорни споеви можат да ја намалат и количината на холестеролот и триглицеридите и да ги зајакнат клеточните мембрани во црвените крвни зрнца. Поради тие карактеристики кромидот помага во превенцијата од срцевиот удар.

Студиите покажале дека кромидот може да ја подобри и густината на коските, па поради тоа може посебно да им користи на жените кои се во менопауза и кои се соочуваат со губењето на густината на коските. Поред тоа, се покажало дека жените кои поминале менопаузата можат да го намалат ризикот од фрактурите на колкот доколку секојдневно го консумираат кромидот.

Исто така е потврдено дека кромидот има против воспалително делување. Сумпорните молекули од него ја подобруваат активноста на специфичните бели крвни клетки, кои имаат важна улога во имуниот систем. Овој вид на зеленчук содржи и антиоксиданси кои ја спречуваат оксидацијата на масните киселини во телото, па на тој начин степенот на воспалението се држи под контрола.

Студиите покажале дека кромидот го намалува и ризикот од неколку видови на канцер, па дури и ако се консумира и во помали количества. Може да го намали ризикот од појавување на канцер на дебелото црево и јајниците.
Останатите позитивни делувања на кромидот врз здравјето:

– Jа подобрува рамнотежата на шеќерот во крвта

– Ги спречува бактериските инфекции

– Содржи витамини Ц, А и Е, кои се добри антиоксиданси.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...