Почетна / Здравје и исхрана / Црниците се вистинските пријатели на нашето здравје

Црниците се вистинските пријатели на нашето здравје

Во кинеската медицина црниците се сметаат за природен тоник на крвта, затоа што го прочистуваат и го зајакнуваат целиот кардиоваскуларен систем. Дознајте како најдобро да ги искористите.  

Богата со антиоксиданси, нутриенти, витамини, црницата е ценета во целиот свет како супер храна и еден од најдобрите лекови од природата. Постои црна, црва и бела црница и сите се лековити. Можете да ја користете кората, листовите, свежи но и суви плодови.

Поред тоа што целата билка е богата со антиоксиданси, содржи и алкалоиди благодарение на кои нашиот имунитет зајакнува и го балансира шеќерот во крвта, а сушените плодови важат за едни од најздрави природни грицки.

За да го подобрите видот најдобро би било да пиете дневно барем една чаша сок од црници, затоа што содржат витамин А. Ова е посебно препорачливо за луѓе кои поминуваат многу време пред компјутер. Овој сок, исто така е многу користен за закрепнувањето после операции или заболувања, затоа што го забрзува заздравувањето, ја подобрува циркулацијата и ги спречува инфекциите. Се препорачува на мајките после породувањето.

Интересно е тоа дека црницата го поттикнува производството на меланин во косата, што помага да ја задржите и освежите Вашата природна боја на косата. Можете да го нанесувате директно на косата (чистиот сок) за да го подобрите коренот на косата и да го забрзате здравиот раст. Чај за кардиоваскуларен систем се подготвува така што цветните пупки од црниците се берат и сушат, а од нив се подготвува напивка, која е добра за слабеење.

Сомелената кора од црница претворена во прав се користи како мелем за побрзо зараснување на раните.

На дијабетичарите им се препорачува чај од листовите на црната црница. Потребно е 50 грама иситнет лист да се прелие со половина литар зовриена вода и оставите 10 часа поклопен да поседи со повремено мешање. Напивката се процедува и пие преку ден.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...