Почетна / Совети за здравје / Црниот чај спречува дијабетес и дебелеење

Црниот чај спречува дијабетес и дебелеење

Нациите кои пијат најмногу црн чај најмалку патат од овој метаболички синдром, од кој се повеќе луѓе заболуваат во светот, и имаат најмалку дебели лица.

 

Направените анализи во 50 земји откриле дека нациите кои најмногу пијат црн чај имаат најмал број заболени лица од дијабетес тип 2 и дебели лица.
Научниците сметаат дека процесот на ферментација кој го претвора зелениот чај во црн предизвикува создавање на комплексни флавоноиди кои се добри за здравјето. Во Ирска се пие најмногу црн чај и тоа два килограми годишно по жител, а Велика Британија и Турција се веднаш следни на листата.

Сите три земји имаат најмал број жители заболени од дијабетес за разлика од земјите кои се подолу во листата: Бразил, Мароко и Мексико. Истражувањата се спроведени поради тоа што бројката на дијабетичари во последната деценија се зголемила за шест пати. Се проценува дека таа бројка до 2030 година ќе скокне од 285 милиони на 438 милиони луѓе со дијабетес тип 2.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...